Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ со критика за Битиќи: Нападите кон министерката се одраз на слабост

    10.07.2026 во 09:41

    Рекордни бројки на македонските аеродроми: Речиси два милиони патници во првите шест месеци

    10.07.2026 во 09:38

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најниска инфлација во регионот, владините мерки дадоа резултат

    10.07.2026 во 09:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ со критика за Битиќи: Нападите кон министерката се одраз на слабост
    • Рекордни бројки на македонските аеродроми: Речиси два милиони патници во првите шест месеци
    • ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со најниска инфлација во регионот, владините мерки дадоа резултат
    • ВМРО-ДПМНЕ: Лошите рејтинзи ги тераат СДСМ, Левица и ДУИ да го блокираат Изборниот законик
    • ФОТО: Ненадејно почина 44-годишен полицаец од Кичево, зад себе остави две малолетни деца
    • Никола Груевски се огласи на Фејсбук
    • Чудна пријава во Скопје: 54-годишна жена пријавила дека родителите не ја пуштаат да излезе од дома
    • Град Скопје со важно соопштение
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети

    Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети

    19.05.2026 во 20:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бројот на физички и вербални напади врз членови на политички партии и политичари во Германија во текот на изминатата година забележа драматичен пораст, при што најчеста мета биле претставниците на десно-популистичката Алтернатива за Германија (АфД), покажуваат денеска објавените официјални податоци. Како една од главните причини за ваквиот тренд се наведува силно емотивно наелектризираната општествена клима за време на изборната кампања на почетокот на 2025 година.

    Германската полиција лани евидентирала вкупно 5.140 напади врз политичари, што претставува зголемување од 40 отсто во споредба со 2024 година, стои во одговорот на сојузната влада на пратеничко прашање упатено од пратеничката група на АфД во Бундестагот.

    Најмногу напади биле насочени против претставниците на АфД (вкупно 1.852 напади), при што полицијата во најголем дел ги припишува напаѓачите на левичарската радикална сцена.

    „Кога членовите на АфД и нивните гласачи континуирано се навредуваат и кога им се оспорува моралот, тогаш никој не треба да се чуди што непријателите на демократијата го сфаќаат тоа како дозвола за употреба на насилство против партијата“, изјави пратеникот на АфД, Мартин Хес, коментирајќи го владиниот извештај.

    На второ место по бројот на инциденти се наоѓаат политичарите од владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ), врз кои биле извршени 1.171 напад. Ова воедно претставува и најголем скок во споредба со 2024 година, кога врз нив биле регистрирани 420 напади. Во изминатата година, единствено кај претставниците на партијата на Зелените е забележан помал број на напади во споредба со претходната година.

    Прочитај повеќе

    Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија

    09.07.2026 во 22:13

    Топлотниот бран во Германија поврзан со повеќе од 5.000 смртни случаи

    09.07.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.