Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Се ближат продолжени викенди – Ова се неработните денови до крај на 2026

    25.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од нивните партнери
    • Повеќе полиција на улица за помалку врсничко насилство
    • Инцидент во казино во Кисела Вода: Гости и вработени поради проблеми со дишењето пренесени во болница
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Кисела Вода
    • Акција на сообраќајната полиција: Уапсени десетина возачи – меѓу нив и 3 малолетници
    • Зеленски: За една недела убивме над 10.000 руски војници
    • Руски војници масовно се предаваат по украинската акција
    • Голема акција во Скопје: Се апси на повеќе локации за тероризам
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска на Светскиот образовен форум во Лондон: Креираме образовни политики базирани на факти

    Јаневска на Светскиот образовен форум во Лондон: Креираме образовни политики базирани на факти

    19.05.2026 во 18:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нема формула за брза транзиција на еден образовен систем од фаза на ран развој кон извонредност. Потребно е време и голема посветеност кон остварување на претходно поставени реални цели и јасно дефинирани политики што ќе се базираат на факти. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти, во рамки на Светскиот образовен форум во Лондон.
    Министерката нагласи дека македонската влада образовните политики ги темели на спроведени анализи и преку мерливи критериуми ја утврдува ефикасноста, при што технологијата има голема улога, но клучот останува кај луѓето.

    „Во денешно време располагаме со голем број податоци и важно е тие да се анализираат и врз основа на тоа да се креираат политиките. Технологијата, особено вештачката интелигенција ни помага во собирањето и обработката, но сепак во процесот најважен е човечкиот фактор и не може да биде заменет“, рече Јаневска.

    Како јасни показатели за промени во Македонија, Јаневска ги посочи резултатите на учениците од меѓународните тестирања како ПИСА и ТИММС, податоците од Шангајската ранг листа, анализите на УНИЦЕФ, ОЕЦД и Светска Банка, но го истакна и значењето на мислењето на наставниците, стручните служби, родителите и учениците.

    На панелот се обратија и Алфа Бакар Бери, министер за стручно образование на Гвинеја, Андреас Шлајхер од ОЕЦД и Берџ Акијан од организацијата Клас Линк. Говорниците се согласија дека собирањето докази обезбедува легитимитет на процесот. Инаку, Светскиот образовен форум е најголемиот глобален собир на министри за образование, а годинава темата е „Образование за заедничка иднина: Мир, планета, цел и патеки“, со фокус на улогата на знаењето во време на глобална неизвесност.

    Прочитај повеќе

    Повеќе од 50.000 жени годишно се убиени од нивните партнери

    28.09.2026 во 13:11

    Повеќе полиција на улица за помалку врсничко насилство

    28.09.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.