Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Обучуваме 200 полицајци за поефикасна заштита од семејно насилство

    19.05.2026 во 15:40

    ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб и планира локални енергетски претпријатија

    19.05.2026 во 15:37

    Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Презентирани електронски докази за штета од 36 милиони евра

    19.05.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Обучуваме 200 полицајци за поефикасна заштита од семејно насилство
    • ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб и планира локални енергетски претпријатија
    • Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Презентирани електронски докази за штета од 36 милиони евра
    • Полицијата во акција: Лишени од слобода седум лица, возеле без дозволи и пијани
    • МВР со детали за вчерашната тепачка пред Министерството за правда
    • (ВИДЕО) Конески: Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува
    • Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси
    • Серија апсења низ државата: Физички напади врз сопруги, дедо и малолетно девојче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Обучуваме 200 полицајци за поефикасна заштита од семејно насилство

    Тошковски: Обучуваме 200 полицајци за поефикасна заштита од семејно насилство

    19.05.2026 во 15:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги посети полициските службеници кои посетуваат обука во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3”. Проектот се спроведува од Центарот за обука на МВР и УНФПА, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

    Оваа обука е дел од осумте предвидени циклуси на тема „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство и мулти-секторски одговор”. План е низ неа да поминат вкупно 200 полициски службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи, вклучувајќи водичи на безбедносен реон, сменоводители и инспектори.

    Според министерот, фокусот е ставен на подигнување на нивото на професионалност при справување со овие случаи на терен.

    „Обуките се насочени кон јакнење на компетентноста на нашите службеници, со јасна порака дека жртвата мора да биде во центарот на секоја интервенција. Секој полициски службеник кој излегува на терен мора да знае како да обезбеди помош, поддршка и заштита за жртвите на родово базирано и семејно насилство“, истакна Тошковски.

    Тој потенцираше дека ваквиот тип на едукација претставува директна инвестиција во луѓето, во системот и во крајната заштита на граѓаните.

    „Ова е инвестиција во луѓе, во систем и во заштита на нашите граѓани. Благодарност до УНФПА и до Британската амбасада во Скопје за постојаната поддршка во градењето на подобар полициски одговор“, порача министерот за внатрешни работи.

    Прочитај повеќе

    ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб и планира локални енергетски претпријатија

    19.05.2026 во 15:37

    Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Презентирани електронски докази за штета од 36 милиони евра

    19.05.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.