ВМРО-OКГ продолжува со своето тотално лицемерие, велат од СДСМ.
„Слават Ден на Европа, а се против ЕУ.
Прават антиевропска кампања, а слават Ден на Европа.
Работат за руски интереси, а слават ЕУ која воведе санкции против Русија.
Слават НАТО, а беа против Преспанскиот договор и влезот во НАТО.
Правеа се да не влеземе во Алијансата, а сега велат дека е „феноменална работа“.
На крајот слават и Ден на државноста на државата која ја создаде СДСМ – без пролевање крв, во време кога насекаде околу нас гореа војни.
Оние кои секојдневно сеат омраза меѓу граѓаните и прават поделби во општеството, сега слават единство и државност.
Потполно лицемерие.
Постојат две ВМРО:
Едно за странците – „проевропско“, „проНАТО“, „промакедонско“.
Друго за граѓаните – антиевропско, антиНАТО, полно со бугарски пасоши и руски интереси.
Не се шизофрени. Знаат точно што прават.
Сè прават за да продолжат со кражбата на државата, без одговорност и без правда.
Граѓаните повеќе не се лажат.
ВМРО слави туѓи победи!
Немаме ние ништо против Дејвид Гета. Ние имаме против сметките што ќе ги плаќаат граѓаните, а во кои има ВМРО провизии. Не е прашање изведувачот, туку процентите од изведбата на работите на криминалната група!“, стои во соопштението од СДСМ.

