Close Menu
Press24
    Најново

    Олеснување за возачите: Грција го одложи воведувањето на новите правила

    19.05.2026 во 10:30

    Една држава најави бојкот на Евровизијата во Бугарија, позната и причината

    19.05.2026 во 10:19

    Шок за студентите: Поскапуваат студентските домови

    19.05.2026 во 10:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснување за возачите: Грција го одложи воведувањето на новите правила
    • Една држава најави бојкот на Евровизијата во Бугарија, позната и причината
    • Шок за студентите: Поскапуваат студентските домови
    • Лоша вест за патниците: „Луфтханза“ трајно ја укинува авиолинијата Франкфурт – Скопје
    • Собранието со полни раце работа: Денеска заседаваат осум комисии, на дневен ред фискалната стратегија, задолжувања и измени на закони
    • Филипче: Блокирањето на државата е со умисла
    • ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството не смее да биде штит за криминалот на СДС и ДУИ
    • СДСМ: Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Олеснување за возачите: Грција го одложи воведувањето на новите правила

    Олеснување за возачите: Грција го одложи воведувањето на новите правила

    19.05.2026 во 10:301 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките власти донесоа одлука за промена на терминот за воведување на новите сообраќајни правила кои се однесуваат на сите возила кои влегуваат во земјата.

    Станува збор за воведувањето на ново барање за содржината на комплетот за прва помош во возилата кои влегуваат во Грција, кое првично требаше да стапи на сила со почетокот на ова лето.

    Како што информираат од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“, примената на оваа мерка сега е официјално одложена за следната година.

    „Воведувањето на ново барање за содржината на комплетот за прва помош во возилата кои влегуваат во Грција е одложено до 01 јануари 2027 година“, се наведува во известувањето испратено до членките на асоцијацијата.

    Првично зацртаниот рок претрпе измена по реакцијата на тамошните институции и објавата во нивното службено гласило.

    „Првично објавената дата 18 јуни 2026 година е променета со објава во Владински весник на Р.Грција“, појаснуваат од „Макам-транс“.

    Превозниците додаваат дека сите заинтересирани граѓани и транспортери можат директно да ја преземат и разгледаат официјалната одлука во Владинскиот весник на Република Грција, каде што е објавено пролонгирањето на овој рок.

    Прочитај повеќе

    Убиство во Кисељак: Ја убил бабата, ја ранил сопругата, убиецот пронајден тешко ранет

    18.05.2026 во 11:12

    Хорор го потресе регионот: Стан изгоре поради полнач за телефон, бабата, дедото и внуците едвај спасиле жива глава

    18.05.2026 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.