Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипчe: Прегледувам пациенти секој ден, а еднаш неделно влегувам во операциона сала

    Филипчe: Прегледувам пациенти секој ден, а еднаш неделно влегувам во операциона сала

    18.05.2026 во 20:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче,  откри дека и покрај политичките обврски, секојдневно работи со пациенти, а еднаш неделно влегува и во операциона сала. Филипче посочи дека никогаш не ја напуштил својата професија како неврохирург, а воедно нагласи дека како професор е активно вклучен и во наставниот процес на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” , каде што држи предавања и испити за студентите.

    „Прегледувам пациенти секој ден, прават доаѓаат луѓе за консултација, мислења, а еднаш неделно влегувам во операциона сала. Држам и предавање и испити. Јас предавам васкуларна, неврохирургија, траума и сега функционална.Ние имаме еден специфичен начин, поделени се студентите од петта година во повеќе групи, точно се знае во семестарот кога се предавањата“, изјави Филипче.

    Говорејќи за предизвиците во медицината и политиката, Филипче нагласи дека и двете професии ги обединува желбата да им се помогне на луѓето.

    „Предизвикот е на двете места еднаков. Во едната ситуација се спасуваат животите и веднаш се видливи резултатите. Во другата ситуација, во политичкиот живот, резултатите доаѓаат малку подоцна. Меѓутоа, што ги обединува двете работи? Желбата и волјата да им се помогне на луѓето. И сметам дека политиката дава дополнителни инструменти преку имплементирање и креирање на политики, да повеќе луѓе видат бенефит, повеќе луѓе конечно живеат подобро и во држава како што замислувале со децении наназад“, изјави Филипче.

    Во интервјуто, Филипче нагласи дека и покрај честите коментари дека има „златна професија“, тој никогаш не ја напуштил неврохирургијата и верува дека политиката може да биде чесна професија.

    „Јас не сум ја напуштил мојата професија. Јас неврохирургијата не сум ја напуштил. Јас не би рекол дека политиката е лоша професија. Лоша е перцепцијата поради лошите практики кои што се имплементираат на пример сега. И да бидам целосно фер, со години наназад и тоа е мојот предизвик. Конечно да се сменат работите. Да знаат луѓето дека и политиката може да е чесна професија, да се работи за доброто на луѓето, а не за сопствен бенефит“, порача Филипче.

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.