Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Николова: СДСМ бара финансиска поддршка за учениците учесници на меѓународни натпревари

    (ВИДЕО) Николова: СДСМ бара финансиска поддршка за учениците учесници на меѓународни натпревари

    18.05.2026 во 14:233 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката група на СДСМ, на денешната собраниска седница, поднесе два предлог закона од областа на образованието, Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за основното образование и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за средното образование. И двата предлога се однесуваат на финансиска поддршка за учениците, учесници на меѓународни натпревари и нивните ментори и тоа преку покривање на трошоците за котизација, патување, сместување и трошоци за храна. Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во образложението на предлозите, побара законите да бидат донесени по скратена постапка, и истакна дека и двата предлог закони се важни за учениците од основните и средните училишта, бидејќи нивните успеси го афирмираат образовниот систем, го подигаат угледот на државата и претставуваат силна мотивација за другите ученици да се насочат кон науката и истражувањето.

    „Ако не инвестираме во нив денес, утре ќе ги гледаме како  успеваат во други држави. Ако очекуваме младите да останат тука и да веруваат во   државата, тогаш државата мора прво да покаже дека им верува ним“, рече Николова.

    Во образложението за Предлог законот за изменување и дополнување на законот за основното образование, Николова посочи дека со финансиската поддршка ќе се овозможи еднаков пристап на сите талентирани ученици без оглед на нивната финансиска состојба и без оглед  во која област се натпреваруваат.

    „Законот има за цел да ги поттикне учениците кон поголеми успеси и достојно   претставување на Република Северна Македонија на меѓународно ниво. Потребата од ова законско решение произлегува од фактот што голем број на талентирани ученици и покрај постигнатите успеси со кои што навистина се гордееме, се соочуваат со финансиски   пречки за учество на вакви натпревари,  што може да доведе и до нивно откажување  или ограничена можност за претставување на државата на меѓународно ниво. Со обезбедување институционална поддршка за овие трошоци ќе се создадат еднакви   можности за сите учесници. Ќе се поттикне развојот на талентите и ќе се даде дополнителен стимул за учениците да  продолжат со постигнувања на врвни  резултати во науката и образованието. На тој начин ќе покажеме дека државата стои позади најдобрите ученици“, рече Николова.

    Во однос на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за средното образование кој исто така се однесува на поддршка на учениците за учество на меѓународни натпревари, Николова посочи дека најголем дел од товарот паѓа врз родителите и наставниците и тоа често   достигнува суми што многу семејства не можат да ги поднесат.

    „Предлогот не е  неограничено финансирање, туку системска поддршка за ученици кои официјално се пласирале преку државни натпревари, учествуваат на признати меѓународни   олимпијади и натпревари и нивните  ментори кои што се официјален дел од  тимот. Поддршката на овие ученици е од особено  значење за државата бидејќи тие претставуваат вистински амбасадори на македонската наука, знаење и талент на   меѓународно ниво. Средношколците се во период кога се формираат нивните професионални интереси. Учеството на меѓународните натпревари често им отвара пат до престижни универзитети, стипендии и научни центри“, рече Николова.

    Николова ги повика пратениците да ги поддржат двата предлог закона, но владејачкото мнозинство предводено од ВМРО, не даде поддршка за финансиска помош на учениците од основните и средните училишта кои учествуваат на меѓународни натпревари.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.