Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Спасовски: Поднесовме предлог-измени, членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство

    (ВИДЕО) Спасовски: Поднесовме предлог-измени, членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство

    18.05.2026 во 12:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за Владата по скратена постапка, со кој се предвидува членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство.

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, посочи дека предложеното законско решение е во согласност со иницијативите што претходно беа отворени во Собранието во однос на измените на Законот за пратеници.

    Тој појасни дека целта е да се воспостават еднакви критериуми за сите избрани и именувани функционери.

    „Со оглед на тоа што таков услов се поставува и во Законот за пратеници, односно пратениците во македонското Собрание можат да бидат исклучиво државјани на Република Северна Македонија, тогаш, сходно на тоа, треба да имаме едно вакво законско решение со кое практично ќе ограничиме исклучиво и единствено само државјани на Република Северна Македонија да можат да бидат избрани за членови на Владата“, истакна Спасовски.

    Спасовски нагласи дека граѓаните очекуваат највисоките државни функции да ги извршуваат лица кои имаат единствено македонско државјанство.

    „Мислам дека на овој начин ќе ги исполниме очекувањата и на граѓаните, бидејќи гледате дека има добар дел граѓани кои сметаат дека носењето на вакво законско решение би било исправно во овој момент, членовите на Владата, оние што се обврзуваат дека ќе им служат на граѓаните, да бидат исклучиво државјани на државата на која ѝ служат“, рече Спасовски.

    Тој додаде дека очекува поддршка од парламентарното мнозинство, потсетувајќи дека власта претходно најавувала брзо донесување на измените на Законот за пратеници, но дека процесот во меѓувреме е успорен.

    „Законот за пратеници, еве гледаме сега дека од најголемите најави дека брзо ќе се донесе во Собранието, некако застана тој процес, се успори“, рече Спасовски.

    Спасовски потсети дека во јавноста веќе се отворени прашања за поседување странски државјанства од страна на членови на Владата.

    „Сега гледаме бугарски државјанства, чешки државјанства итн. Тоа е нешто што го имаме официјално за членовите на Владата и што тие овде, пред Собранието, го имаат потврдено. Зборувам конкретно за министерката за енергетика, Сања Божиновска, а веројатно ќе се уредат овие начини и ќе видиме точно за секој што ќе се избира како член на Владата да важат истите овие правила“, посочи Спасовски.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.