Условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за да влезе на македонскиот пазар се невозможни, изјави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, што е двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата.Министерот појасни дека актуелните субвенции на пазарот веќе даваат сериозни резултати.
„Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада“, рече Николоски.

Како дополнителен услов, „Рајан ер“ побарал приоритетно опслужување на нивните аеродроми, но и откажување на дел од веќе постоечките линии во земјава.
- Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел
- Нови сообраќајни правила во и ЕУ
- Мицкоски утре на промоција на проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“
- Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
- Петрушевски: Филипче доживува дебакл
- Сиљановска-Давкова во Салцбург: Проширувањето кон Западен Балкан е тест за геополитичкиот капацитет на ЕУ
- Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка
- Хорор за прваче во Кочани: Го соблекле гол, го тепале и го снимале