Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче со иронични честитки до Мицкоски за победата на Бугарија на Евровизија

    17.05.2026 во 11:37

    Манасиевски: Не постои бугарско барање кое Венко Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

    17.05.2026 во 11:01

    СДСМ: Мицкоски, Сиљановска и Муцунски ги признаа придобивките од договорите, сега на ред се уставните измени

    17.05.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче со иронични честитки до Мицкоски за победата на Бугарија на Евровизија
    • Манасиевски: Не постои бугарско барање кое Венко Филипче нема да го исполни за да дојде на власт
    • СДСМ: Мицкоски, Сиљановска и Муцунски ги признаа придобивките од договорите, сега на ред се уставните измени
    • Го пријавил татко му: 19-годишник убил од Бојане со пиштол убил 18-годишник соселанец
    • Бугарија победи на Евровизија: Пејачката Дара триумфираше во Виена со „Бангаранга“
    • СДСМ: Максим Димитриевски има фирма во Бугарија, доаѓа времето на одговорност
    • ВМРО-ДПМНЕ: Тандемот Абази-Коларевиќ функционира како СДС-ДУИ коалиција во Обвинителството
    • Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија: Густа агенда во Љубљана и Крањ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче со иронични честитки до Мицкоски за победата на Бугарија на Евровизија

    Филипче со иронични честитки до Мицкоски за победата на Бугарија на Евровизија

    17.05.2026 во 11:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалната мрежа Х упати серија остри и иронични критики до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, поврзувајќи го вчерашниот триумф на Бугарија на Евровизија со актуелната политичка соработка меѓу двете земји. Според Филипче, додека бугарската јавност слави музички успех, Македонија се соочува со меѓународна изолација поради политиките на актуелната власт.

    Претседателот на СДСМ во својата објава ги прозва кадрите на Владата и за начинот на кој се трошат буџетските средства за мега-настани.

    „ВМРО-ОКГ може да го организира дочекот на Дара. Имаат искуство со протокол, камери и медиуми. Имаат и фирми со милионски договори за доведување странски изведувачи – како Давид Гета. Плус – сите имаат бугарски пасоши, нивниот „претставник“ победи… А црвениот килим веќе го имаат – оној од дочекот на Атан Груби на границата.“

    Филипче ја заокружи својата реакција со порака дека владејачката коалиција свесно ја жртвува европската иднина на државата за сметка на дневнополитички интереси.

    „ВМРО и Бугарија во еуфорија – Македонија во изолација. Честитки, Христијане!“


    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Не постои бугарско барање кое Венко Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

    17.05.2026 во 11:01

    СДСМ: Мицкоски, Сиљановска и Муцунски ги признаа придобивките од договорите, сега на ред се уставните измени

    17.05.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.