Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Максим Димитриевски има фирма во Бугарија, доаѓа времето на одговорност

    СДСМ: Максим Димитриевски има фирма во Бугарија, доаѓа времето на одговорност

    17.05.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската партија СДСМ преку официјално соопштение упати сериозни обвинувања до лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, тврдејќи дека зад неговата политичка реторика се кријат тајни бизнис интереси. Во партиската реакција се наведува дека додека Димитриевски јавно се позиционира како патриот и борец против корупцијата, тој се јавува како сопственик на компанија регистрирана во соседна Република Бугарија.

    Од СДСМ изнесоа конкретни податоци за наводната сопственичка структура и локација на фирмата во Бургас.

    „Еве Максо, има фирма во Бугарија. Види Максо, ти си сопственик! А изгледа дека не е само една. Додека Максим Димитриевски се претставува како „антикорупционер“ и „голем Македонец“, фактите покажуваат сосема спротивно. Фирмата МБС ГЛОБАЛ била регистрирана на 07.08.2015 година на адреса булевар „Стефан Караџа“ во Бургас, Бугарија. Компанијата се занимава со трговија на големо со непрехранбени производи. Дополнително, сопругите на Димитриевски и Серафимовски имаат друга компанија во Македонија – АЈФИКС ДОО од Доброшане, Куманово.“

    Во соопштението се упатуваат низа прашања за финансиското работење на кумановскиот градоначалник и се обвинува дека неговата коалиција со владејачката ВМРО-ДПМНЕ служи за правење на дефокус од европската агенда на земјата.

    „Максо, колку фирми имаш во Бугарија и колку во Македонија? Колку тендери си наместил? Колку пари си префрлил преку кумови и блиски? Види Максо, доаѓа времето на вистината. Нема повеќе лаги. Максо, доаѓа времето на правдата и одговорноста… Немаш право ти, кој си со „промакедонската“ партија на бугарски државјани, со организираната криминална група ВМРО и со Христијан Мицкоски кој те плаќа преку тендери, да правиш дефокус од Европската реформска агенда… Сите – и ти, и Филков, и Сашо Петровски, и целата криминална група предводена од шефот на бандата Христијан Мицкоски – ќе одговарате! Реформи сега. Правда сега. Европа сега.“

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.