Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ристовски во Баку: Ново поглавје во спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан
    • Реконструкција на водоводната мрежа – улица „150-та“
    • Јаневска: Во нови училишта инвестирани се 35 милиони евра, а во образовната инфраструктура вкупно 78 милиони евра
    • BALFIN Group: Поглед подалеку од актуелните пазари
    • Андоновски: Ниту еден податочен центар нема да има предност пред снабдувањето на граѓаните со струја и вода
    • 24-годишник тешко повреден откако паднал со мотоцикл во дворот од куќата
    • Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот
    • Внук го нападнал својот 68-годишен дедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со полни раце работа: Малолетничко насилство во Неготино, напади со тврди предмети и пресметки со полицијата низ Скопје

    МВР со полни раце работа: Малолетничко насилство во Неготино, напади со тврди предмети и пресметки со полицијата низ Скопје

    15.05.2026 во 14:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата со полни раце работа изминатото деноноќие.

    На 14.05.2026 во 23:00 часот во ОВР Неготино, М.А.(33) од Неготино пријави дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, а друг малолетник снимал со телефон. Известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

    На 14.05.2026 во 14:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа М.С. од Скопје, затоа што на подрачјето на Чаир се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.05.2026 во 01:00 часот пред ноќен клуб на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа К.С.(23) од с.Инџиково, скопско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 14.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје, А.Ш.(20) од Скопје пријави дека околу 14:40 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од О.А.(41) од Скопје, кој употребил ѝ тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 13.05.2026 во 16:50 часот во СВР Скопје, В.Ј.(46) од с.Побожје, скопско, пријави дека околу 13:00 часот во селото, на место викано „Глуваница“, поради претходно недоразбирање бил физички нападнат од З.К.(57) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 13.05.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.И.(30)  и О.В.(37), двајцата од Скопје.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.05.2026 во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.В.(23) и А.А., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Прочитај повеќе

    24-годишник тешко повреден откако паднал со мотоцикл во дворот од куќата

    24.09.2026 во 14:31

    Внук го нападнал својот 68-годишен дедо

    24.09.2026 во 14:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.