Close Menu
Press24
    Најново

    Внимавајте: „Сејф сити“ почнува со казнување и на други прекршоци

    15.05.2026 во 13:38

    Мицкоски: Оптимисти сме дека ќе ги испорачаме сите реформи во грејс периодот

    15.05.2026 во 13:27

    (ВИДЕО) Кузеска: Се подготвува нова шема за финансирање на Алфа ТВ преку Алта банка

    15.05.2026 во 13:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Внимавајте: „Сејф сити“ почнува со казнување и на други прекршоци
    • Мицкоски: Оптимисти сме дека ќе ги испорачаме сите реформи во грејс периодот
    • (ВИДЕО) Кузеска: Се подготвува нова шема за финансирање на Алфа ТВ преку Алта банка
    • Николоски: Со заедничка работа и партнерство државата може побрзо да напредува
    • Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде завршен најдоцна до првиот квартал следната година
    • Мицкоски од Кичево: По долги години застој, се забележуваат првите знаци на развој
    • Манасков: СДСМ бара оставка од министерката Јаневска и итна смена на директори поради насилството во училиштата
    • Дурмиши: Пазарниот инспекторат со 30 тимови врши вонредни контроли во маркетите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Внимавајте: „Сејф сити“ почнува со казнување и на други прекршоци

    Внимавајте: „Сејф сити“ почнува со казнување и на други прекршоци

    15.05.2026 во 13:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Системот „Сејф сити“ добива значително проширување и во иднина ќе опфаќа многу поширок спектар на сообраќајни прекршоци, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Камерите веќе не се користат само за пребрзо возење, туку преку нив се евидентира сè што се случува на асфалтот.

    Тошковски нагласи дека целта е подигнување на безбедноста во сообраќајот и поефикасна контрола на оние кои не ги почитуваат правилата.

    „И сега констатираме поголем број на прекршоци. Не е само брзо возење, туку и погрешно престројување, погрешно свртување, поминување на црвено светло“, рече Тошковски.

    Следниот период е предвидено системот софтверски дополнително да се унапреди, со што автоматски ќе се прошири листата на прекршоци што ќе можат електронски да се регистрираат и санкционираат.

    Една од првите следни фази во овој процес ќе биде и воведувањето на казни за возачите кои непрописно ги оставаат своите возила на коловозите.

    „Во делот на погрешно паркирање, тоа ќе е една од првите фази кои ќе бидат имплементирани“, изјави министерот.

    Тошковски појасни дека во целиот процес ќе бидат вклучени повеќе институции, бидејќи се работи за масовен прекршок, а МВР сака да ги прецизира сите правила за да нема неправилности при изрекувањето на казните за граѓаните.

    „Тука ќе бидат вклучени повеќе институции, бидејќи е многуброен прекршок, не сакаме, при нецелосно утврдени правила на игра, да имаме казнување на граѓаните. Затоа сме внимателни во овој дел“, изјави тој.

    Како прва зона каде ќе започне целосната примена на овој проширен електронски систем, министерот ги одреди клучните сообраќајници во главниот град.

    „Прв таргет за имплементирање, односно детектирање, ќе бидат главните крвотоци во градот Скопје, односно булеварите“, додаде Тошковски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Оптимисти сме дека ќе ги испорачаме сите реформи во грејс периодот

    15.05.2026 во 13:27

    (ВИДЕО) Кузеска: Се подготвува нова шема за финансирање на Алфа ТВ преку Алта банка

    15.05.2026 во 13:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.