Close Menu
Press24
    Најново

    Летните патувања поскапуваат: Авиокомпаниите не можат да ги апсорбираат трошоците за гориво

    14.05.2026 во 17:57

    Филипче: Кога ќе си замине оваа банда, ќе одговара за украдените народни пари

    14.05.2026 во 17:46

    Набљудувачите на ОБСЕ на судски постапки за организиран криминал и корупција на средба со Савески

    14.05.2026 во 17:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Летните патувања поскапуваат: Авиокомпаниите не можат да ги апсорбираат трошоците за гориво
    • Филипче: Кога ќе си замине оваа банда, ќе одговара за украдените народни пари
    • Набљудувачите на ОБСЕ на судски постапки за организиран криминал и корупција на средба со Савески
    • Савески се сретна со директорката на ОТА: Соработката се одввиа непречено но постојат можности за унапредување
    • Орце Ѓорѓиевски назначи водител за директор на Универзална
    • ВМРО-ДПМНЕ: Едно е сите со Дејвид Гета на стадион, друго Филипче на журка на Харис
    • Франција спрема маски за три месеци – Сите контакти на заразените со хантавирус се негативни
    • ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони а кој не
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Летните патувања поскапуваат: Авиокомпаниите не можат да ги апсорбираат трошоците за гориво

    Летните патувања поскапуваат: Авиокомпаниите не можат да ги апсорбираат трошоците за гориво

    14.05.2026 во 17:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Летната сезона се приближува, но за патниците пристигнуваат лоши вести – поскапувањето на авионските билети во Европа е „неизбежно“. Ова е предупредувањето од генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), Вили Волш.

    Иако некои авиокомпании неодамна понудија пониски цени за да ја стимулираат побарувачката, Волш истакнува дека ваквиот тренд не може да трае долго, бидејќи авиопревозниците се притиснати од високите цени на авионското гориво, предизвикани од нестабилноста на Блискиот Исток.

    Зошто растат цените?

    Клучниот фактор е војната на Блискиот Исток, која доведе до нарушувања во снабдувањето и затворање на важни рути како Ормускиот теснец. Ова директно влијае врз цената на керозинот, кој претставува еден од најголемите трошоци за авиокомпаниите.

    „Дури и ако Ормускиот Теснец биде повторно отворен утре, влијанието на нарушувањата предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток сè уште ќе може да се почувствува следната година“, вели Волш.

    Иако еврокомесарот за енергетика, Ден Јоргенсен, смета дека на краток рок не се очекува сериозен недостиг на гориво, Волш е дециден дека економската логика е јасна.

    „Едноставно, нема начин авиокомпаниите да ги апсорбираат своите дополнителни трошоци. Може да има случаи кога авиокомпаниите ќе даваат попусти за да стимулираат одреден проток на сообраќај, но со тек на времето, високата цена на нафтата неизбежно ќе доведе до поскапување на билетите“, нагласува генералниот директор на IATA.

    Иако некои аналитичари и претставници од туристичката индустрија, како што е директорот на TUI, Себастијан Ебел, не очекуваат поголеми нарушувања во наредните месеци, патниците треба да се подготват за промена на ценовниците пред почетокот на шпицот на летната сезона.

    Прочитај повеќе

    Франција спрема маски за три месеци – Сите контакти на заразените со хантавирус се негативни

    14.05.2026 во 16:56

    Успешно заврши големата спасувачка акција во рудникот: Извлечени 18 рудари кои поминаа повеќе од 12 часа под земја

    14.05.2026 во 16:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.