Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, за што и во изминатите години и во 2025 година има констатирано дека судските постапки траат предолго и не се води сметка за ефикасноста на постапките.
– Притоа странките не добиваат навремени известувања за статусот на нивните предмети. За работата на извршители, најголемиот дел од претставките на граѓаните се за дебоклада на нивните сметки, како и за износот на каматата на предметниот долг – рече Сељами.
Тој пред пратениците истакна дека народниот правобранител во текот на минатата година разгледала 2.921 предмет, а од нив во институцијата биле примени и заведени во 2025 година вкупно 2.400 претставки, а 521 предмет биле пренесени од претходната година.
– Најголем број од претставките во текот на минатата година 985 или над 40% се однесуваат на повредата на правата од страна на јавните служби и установи.Од вкупно 2.921 предмет народниот правобранител во оваа извештајна година покренал 1.810 или 61,97% на претставки, по 487 или 16,67% нема покренато постапка. Од 1.810 предмети по кои народниот правобранител покренал постапка во 492 или над 27% констатираше повреда на човековите права и слободи и постапуваше со цел отсранување на повредите. Додека во 1.318 претставки или 72,82% од преземените дејствија за исполнување на наводите од претставките не е констатирана повреда на човековите слобода и права, следствено постапката е запрена-вели Сељами.
Втората област е во делот на потрошувачки права, за што Сељами посочи дека и во 2025 година најголем дел од претставките се за високо-паушални сметки за електрична енергија.
-Во овој дел треба да се истакне дека законот за енергетика, кој стапи во сила мај 2025 година предвидува обврска за ЕВН да се читат броилата најмалку еднаш во три месеци, што во пракса ќе значи и понатаму ќе се издаваат паушални фактури и ќе предизвика проблемите за граѓаните. Покрај тоа извештајната година ја одбележаа претставките во кои граѓаните се жалеа на нередовна испорака на вода до нивните домови, особено оние кои живеат во високите зони на град Скопје. Најголемо зголемување на претставки во областа на животната средина е еколошката катастрофа која се случи во селото Трубарево, во близина на Скопје, како и претставките со другите еколошки инциденти, како што беа горењето на регионалната депонија Дрисла, поранешната депонија Вардариште, огромен пластичен отпад исфрлен во реката Вардар и слично, а кои беа во фокусот на работата на народниот правобранител-рече Сељами.
Тој додаде дека загрижувачки е што во државата се издадени само две дозволи за извршување на дејност депонирање отпад, а нема издадено и дозволи за депонирање на опасен отпад, а ресорното министерство исто така нема издадено дозволи за постројки за согорување на отпад. Сељами вели дека граѓаните доставувале претставки и во областа на работните односи, а најголемиот дел од претставките се однесуваат за дисциплински постапки, неисплатени плати од страна на работодавците, како и неисплата на надоместоци и додатоци на плата, како и неусогласеноста со Колективните договори. Сељами истакна дека од доставените претставки од страна на граѓаните потребно е едуцирање на населението за да ги препознаат заканите на социјалните мрежи, како и нивно препознавање, со што треба да се подигне и дигиталната писменост на населението, со што ќе ја промовира емпатијата и одговорното однесување на населението. Најголем дел од случаите за кои што медиумите имаат пројавено за известување е семејното насилство, лани имаше два случаи во Скопје и Велес, за што претставки до народниот правобранител имаат доставено и граѓанските организации.
– Во оваа насока народниот правобранител смета дека полициските службеници и лицата од Центрите за социјални работи не се соодветно обучени за заштита на жртви од семејно насилство – рече Сељами.
Народниот правобранител смета дека истражните органи треба да посветат повеќе внимание за да постапуваат професионално и законски, со цел спречување на фемицид, но и други видови на семејно или родово-базирано насилство
Во текот на минатата година имаат и претставки во делот на врсничкото насилство, булингот.
Народниот правобранител Сељами при презентирање на годишниот Извештај пред пратениците посочи дека институцијата Народен правобранител половина година била без прв човек, односно народен правобранител, со што се созддале големи тешкотии во нејзиното работење. Тој се надева дека оваа година Извештајот ќе биде разгледан навреме, а мерките кои ги предвидува Извештајот ќе бидат преземени од страна на институциите.
– Токму затоа има намалување на бројот на примени и заведени претставки. Програмата за работа не е исполнета во целост, а во застој беше и меѓународната соработка-додаде Сељами.
Пратениците при презентирањето на годишниот извештај се согласија дека треба да се земат во предвид препораките кои дава народниот правобранител, во делот на правосудните органи, како и во спречување на секаков вид на насилство во семејствата, но и во училиштата. Го поддржуваат барањето на Народниот правобранител за да се донесат дополнувања и измени во Законот за народен правобранител. (

