Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка

    13.05.2026 во 14:32

    Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје

    13.05.2026 во 14:21

    Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница

    13.05.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка
    • Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
    • Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница
    • Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица
    • Апсење на скопскиот аеродром: Маж носел полн куфер со муниција
    • Судење за „Пулс“: Сведоштво за паниката и метежот, одбраната тврди дека девојките имале „душевно растројство“
    • ВЛЕН поставува граници за коцкањето: казината подалеку од училиштата и забрана за реклами
    • Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка

    Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка

    13.05.2026 во 14:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги демантираше информациите дека градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, се повлекол од функцијата. По увидот во реновираните делови на ГОБ „8-ми Септември“, Мицкоски појасни дека станува збор за оправдано отсуство поради здравствени причини.

    Тој нагласи дека општината функционира нормално и дека обврските ги презема законскиот заменик.

    „Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментот во Општината има законски избран заменик-градоначалник, кој го заменува градоначалникот додека е на боледување поради одредени здравствеи проблеми“, изјави Мицкоски.

    Премиерот упати остри критики до политичките опоненти кои шират шпекулации за здравјето на градоначалникот.

    „Иако имаше и такви политички глодачи, кои излегуваа и се ситеа на здравствена состојба на човек, јас нема да ги коментирам тие политички глодачи. Му посакувам брзо закрепнување на градоначалникот и што побргу да се врати на својата работна позиција“, порача тој.

    Во однос на дијагнозата, Мицкоски беше дециден дека нема да навлегува во приватноста.

    „Повеќе детали за здравствената состојба ниту сум овластен ниту би сакал да споделам“, заклучи премиерот.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН поставува граници за коцкањето: казината подалеку од училиштата и забрана за реклами

    13.05.2026 во 13:40

    Мицкоски шокиран од одлуката за „мазут“: ЕСМ ќе поднесе жалба, Абази го губи кредибилитетот

    13.05.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.