Close Menu
Press24
    Најново

    Скопје во знакот на виното: Од утре започнува јубилејното 15. издание на „Виноскоп“

    12.05.2026 во 10:32

    Здравковски: Преку конкретни мерки се штити стандардот на граѓаните

    12.05.2026 во 10:23

    Кокаин закопан во атарот на Босилово: Тројца дилери од Гевгелија и Струмица заработија кривични

    12.05.2026 во 10:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје во знакот на виното: Од утре започнува јубилејното 15. издание на „Виноскоп“
    • Здравковски: Преку конкретни мерки се штити стандардот на граѓаните
    • Кокаин закопан во атарот на Босилово: Тројца дилери од Гевгелија и Струмица заработија кривични
    • Српски платен убиец „падна“ во Скопје: Подготвувал ликвидација во тактичка униформа
    • ОН: На светот му се заканува масовен глад
    • ЕВН најави исклучувања: Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија
    • Снежна бура ја зафати Германија: Студениот бран се движи кон Балканот
    • 12 медицински лица во Холандија ставени во карантин – биле во контакт со заразен пациент
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје во знакот на виното: Од утре започнува јубилејното 15. издание на „Виноскоп“

    Скопје во знакот на виното: Од утре започнува јубилејното 15. издание на „Виноскоп“

    12.05.2026 во 10:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градскиот парк, на познатата локација „Школка“, од утре, среда, 13 мај 2026 година, повторно станува место на добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика, напиша во својата објава градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    „Со почеток во 18:00 часот, започнува јубилејното 15. издание на фестивалот на виното „ВИНОСКОП 2026“, кој годинава ќе трае пет дена, сè до недела, 17 мај 2026 година, под покровителство на Град Скопје.

    Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од бројни македонски винарии и производители на квалитетно македонско вино, претставени на фестивалските штандови.

    Покрај винската понуда, „ВИНОСКОП 2026“ ќе понуди и богата гастрономска содржина, како и разновидна музичко-забавна програма со домашни изведувачи, бендови и диџеи.

    Програмата започнува во 18:00 часот во среда и четврток, во 17:00 часот во петок, а во сабота и недела ќе започне од 12:00 часот.

    Годинава фестивалот ќе понуди и тематски музички вечери, како и дневна програма под концептот „Блуз и вино“, создадена за сите љубители на добриот звук, убавата дружба и автентичниот вкус.

    Преку „ВИНОСКОП“, Град Скопје продолжува да ги поддржува и промовира македонските производители на вино, богатата винска традиција и потенцијалот на нашето поднебје за развој на квалитетен вински туризам.

    Ве покануваме да бидете дел од „ВИНОСКОП 2026“ – пет дена исполнети со вино, музика, гастрономија и незаборавна дружба во срцето на Скопје“, посочи градоначалникот.

    Прочитај повеќе

    ЕВН најави исклучувања: Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија

    12.05.2026 во 09:56

    Утре ќе нема струја пет часа, проверете дали сте на списокот за исклучувања

    11.05.2026 во 17:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.