Close Menu
Press24
    Најново

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: Отвораме ново поглавје за локалната власт

    ВРЕДИ: Отвораме ново поглавје за локалната власт

    12.05.2026 во 09:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За ВРЕДИ, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на ВРЕДИ, се наведува во партиското соопштение. 

    „ВРЕДИ и дава ново значење на децентрализацијата.
    За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем простор за прекугранична соработка, поттикнување на локалниот економски развој и посилна улога на локалната власт во основното и средното образование.

    ВРЕДИ се залага општините да имаат јасни надлежности, средства и право самостојно да одлучуваат за своите развојни приоритети. Тоа подразбира фискална децентрализација, локален економски развој и прекугранична соработка со општините од регионот. Стратешкиот проект Тетово–Призрен е конкретен пример за оваа визија, бидејќи ја зајакнува инфраструктурната, економската и развојната поврзаност меѓу граѓаните од двете страни на границата.

    Овие што глумат патриоти никогаш гајле немале за децентрализацијата. Беа зафатени со лоповлук. Затоа, каде и да владееја, оставија пустош зад себе, општини без вода за пиење, без развој и без нормални услуги за граѓаните. Албанците ја видоа оваа лага и на изборите ги тргнаа.

    Тие се веќе минато. ВРЕДИ, преку својата политичка програма, отвора ново поглавје за локалната власт. Поглавје во кое општините не се гледаат како плен, туку како институции со вистински надлежности за да им служат на граѓаните.

    ВРЕДИ се залага за нова фаза на децентрализација, каде што локалната власт ќе биде носител на развојот. Тука е разликата меѓу политика што само зборува и политика што работи“, велат од ВРЕДИ.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.