Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

    Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората

    11.05.2026 во 19:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората.

    Признанието во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и јакнење на националните и државни интереси и капацитети.

    Со емоции на гордост и на тага, претседателката истакна дека иако физички се далеку од тука, нашинците во дијаспората и натаму се врзани за татковината. Таа потсети на зборовите на Бернард Шо дека може да смените сè: идеологијата, облеката, поведението, ама татковината – не!

    Таа е горда на нашите успешни професори, лекари, инженери, научници, претприемачи и интелектуалци кои, со дисциплина и истрајност, изградиле респектабилни кариери во странство. Но, посакува и очекува постојана економска и друга соработка со нив, па и нивно, физичко присуство меѓу нас.

    Осврнувајќи се на Самиотот Македонија 2025, Сиљановска-Давкова укажа на зависноста на конкурентноста на нашата економија, развојот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, од развојот и искористувањето на сопствениот човечки потенцијал, како главен фактор на технолошките и геополитичките промени.

    Претседателката им честиташе на годинешните добитници на признанието на Македонија 2025, д-р Ичак Калдерон Адижес, Елизабет Наумовски и Антонијо Трпевски, потенцирајќи дека со нивната работа во науката, бизнисот, културата, филантропијата и поддршката на младите оставаат траен белег овде, но и ширум светот, а истовремено се и мотивација за идните генерации.

    Според неа, имаме насушна потреба од соработка со дијаспората, не само во бизнисот, туку и во образованието, науката, културата и спортот.

    „Дијаспората денес не е хомогена структура, туку сложен простор составен од различни генерации, но со иста љубов кон татковината. Ме охрабрува фактот што сè повеќе млади луѓе, иако родени далеку одовде, изразуваат интерес за  македонскиот јазик, култура и традиција“, рече претседателката во своето обраќање.

    Таа ја истакна важноста од досегашната соработка со Македонија 2025 преку проекти како Охрид кампот за високотехнолошка извонредност, којшто им овозможува на младите да стекнуваат знаење, да развиваат критичко мислење, со што ќе бидат во чекор со новите технолошки предизвици.

    На настанот се обратија и Никица Мојсоска Блажевски, главна извршна директорка на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски, член на Одборот на директори на Македонија 2025, како и Елизабет Наумовски и Антонијо Трпевски, добитници на признанието за придонес на припадниците на дијаспората.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.