Close Menu
Press24
    Најново

    Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата

    11.05.2026 во 16:27

    Тринаесет полицајци на обвинителна клупа за „Пулс“: „Не сме виновни, сторивме сè што можевме“

    11.05.2026 во 16:18

    Апелација заседава за случајот со Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти во доказите, Обвинителството ги смета жалбите за дефокус

    11.05.2026 во 16:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата
    • Тринаесет полицајци на обвинителна клупа за „Пулс“: „Не сме виновни, сторивме сè што можевме“
    • Апелација заседава за случајот со Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти во доказите, Обвинителството ги смета жалбите за дефокус
    • ДИК ќе им префрли пари на 11 блокирани општини за членовите на ОИК и ИО за локалните избори
    • Филипче: Ние не преговараме со Бугарија, туку со Европската Унија
    • Филипче: Муцунски во Брисел беше потивок од есенски дожд
    • Николоски: Рокот за автопатот Охрид-Кичево останува прв квартал 2027 година
    • Јаневска: Ќе се разговара за забрана на телефони на настава во средните училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата

    Обвинителството и ДКСК потпишаа Меморандум за зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата

    11.05.2026 во 16:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ денеска го потпишаа новиот Меморандум за соработка меѓу двете институции во следните три години.

    Како клучен дел од документот се активностите за развивање, унапредување и имплементација на системот на интегритет во Јавното обвинителство, што се спроведува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. За таа цел, на потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Килиан Вал.

    Согласно документот Јавното обвинителство и ДКСК ќе формираат работна група која ќе подготви специфично дизајнирана политика за интегритет согласно уставната и законска положба, организациската поставеност и внатрешните акти на обвинителството.

    Јавното обвинителство и ДКСК ќе соработуваат и за размена на искуства, консултации и стручна поддршка поврзани со воспоставување и унапредување на интерни механизми за интегритет, превенција на корупција, управување со ризици, судир на интереси и етичко постапување.

    Прочитај повеќе

    Тринаесет полицајци на обвинителна клупа за „Пулс“: „Не сме виновни, сторивме сè што можевме“

    11.05.2026 во 16:18

    Апелација заседава за случајот со Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти во доказите, Обвинителството ги смета жалбите за дефокус

    11.05.2026 во 16:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.