Close Menu
Press24
    Најново

    Мажот кој ја уби сопругата Милена е брат на екс-конзулот во Италија

    09.05.2026 во 11:45

    Македонката Милена Витанова убиена во Италија: Сопругот признал и побегнал на гробишта

    09.05.2026 во 11:37

    СПМ: Нека ни е честит 9 Мај-Денот на победата над фашизмот

    09.05.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мажот кој ја уби сопругата Милена е брат на екс-конзулот во Италија
    • Македонката Милена Витанова убиена во Италија: Сопругот признал и побегнал на гробишта
    • СПМ: Нека ни е честит 9 Мај-Денот на победата над фашизмот
    • Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
    • Свечено отворен македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале
    • СДСМ: Сотир Лукровски се повлекува за да избегне одговорност за легализација на дивоградби
    • СДСМ: ЗНАМ се распаѓа
    • Митева: Членството на СДС не се идентификува со лидерот на партијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мажот кој ја уби сопругата Милена е брат на екс-конзулот во Италија

    Мажот кој ја уби сопругата Милена е брат на екс-конзулот во Италија

    09.05.2026 во 11:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка семејна трагедија ја потресе Пјаченца, откако 55-годишната Милена Витанова, по потекло од Тетово, била пронајдена мртва во својот стан со повеќе убодни рани од нож.

    Според италијанските медиуми, нејзиниот сопруг Хако Витанов телефонски признал дека ја убил сопругата, по што избегал од местото на настанот. Хако Витанов, исто така со потекло од Тетово и брат на поранешниот македонски конзул во Италија, Стојан Витанов.

    Кога полицијата, пожарникарите и Итната помош пристигнале на адресата, вратата од станот била заклучена, па спасувачките екипи морале да влезат преку балкон. Внатре го пронашле телото на жената во локва крв, а во близина бил пронајден и нож за кој се сомнева дека бил употребен во нападот.

    Истрагата покажала дека жртвата имала повеќе убодни рани и тешки повреди на главата.

    Неколку часа подоцна, осомничениот бил пронајден на гробот на нивниот син Методиј, кој трагично загинал во сообраќајна несреќа пред шест години. Според медиумските извештаи, Витанов се обидел да си го одземе животот со пресекување на вените, но бил спасен и пренесен во болница под полициска придружба.

    Семејството имало пет деца, а во моментот на трагедијата тие не биле во станот и се наоѓаат на безбедно место.

    Случајот предизвика шок кај македонската заедница во Италија, како и кај жителите на Пјаченца, каде трагедијата повторно ја отвори темата за семејното насилство и неговите последици.

    Прочитај повеќе

    Македонката Милена Витанова убиена во Италија: Сопругот признал и побегнал на гробишта

    09.05.2026 во 11:37

    74-годишен возач повреден во сообраќајна несреќа

    08.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.