Close Menu
Press24
    Најново

    Сахарски песок и невреме со град ја зафаќаат Македонија

    07.05.2026 во 10:28

    Алармантни податоци на Евростат: Сексуалното насилство во ЕУ во пораст, во Македонија евидентирани 131 случај

    07.05.2026 во 10:14

    Ристески пресече: Оваа година нема предвремени избори, се оди на редовни во 2028 година

    07.05.2026 во 10:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сахарски песок и невреме со град ја зафаќаат Македонија
    • Алармантни податоци на Евростат: Сексуалното насилство во ЕУ во пораст, во Македонија евидентирани 131 случај
    • Ристески пресече: Оваа година нема предвремени избори, се оди на редовни во 2028 година
    • ДУИ: Луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра
    • Утре е Св. апостол и евангелист Марко: Именден празнуваат Марко, Марјан…
    • СДСМ: Мицкоски активира „отпадници“ за да ја ослаби опозицијата
    • Дел од Кисела Вода денеска без електрична енергија
    • Дневен хороскоп: Силна енергија и напнатост – Еве што ги очекува знаците денес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сахарски песок и невреме со град ја зафаќаат Македонија

    Сахарски песок и невреме со град ја зафаќаат Македонија

    07.05.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија влегува во период на нестабилно време под влијание на атмосферски фронт кој доаѓа од Алпите. Од денес (четврток), па сè до крајот на неделата, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во текот на утрешниот ден.

    Локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Постојат услови и за појава на невреме со електрични празнења и град. Според прогнозите, се очекува локално да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.

    Во Скопје и околината се очекува слично време со повремени врнежи, додека во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

    Во овој период ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој во сабота ќе го промени правецот во северен, особено изразен по должината на Повардарието. Температурите утре ќе бидат во опаѓање (од 14 до 23 степени), додека во недела се очекува повторен пораст до 30 степени.

    Дополнително, поради јужното струење, се очекува заматена атмосфера со присуство на сахарска прашина. Метеорологот Славчо Попоски појаснува:

    „До крајот на неделава во атмосферата ќе ни биде присутно значително количество на Сахарска прашина и на песок па и атмосферата повторно ќе ни биде доста заматена и нечиста а дождот кој го очекувам ќе биде помешан со истата, односно дождот овие денови ќе биде валкан.“

    Прочитај повеќе

    Алармантни податоци на Евростат: Сексуалното насилство во ЕУ во пораст, во Македонија евидентирани 131 случај

    07.05.2026 во 10:14

    Ристески пресече: Оваа година нема предвремени избори, се оди на редовни во 2028 година

    07.05.2026 во 10:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.