Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Утре е Св. апостол и евангелист Марко: Именден празнуваат Марко, Марјан…

    Утре е Св. апостол и евангелист Марко: Именден празнуваат Марко, Марјан…

    07.05.2026 во 09:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници утре го празнуваат споменот на Светиот апостол и евангелист Марко, сопатник и близок соработник на апостолот Петар. Според календарот на МПЦ-ОА, празникот се одбележува на 8 мај (односно 25 април по стариот стил).

    Свети Марко е авторот на едно од четирите Свети Евангелија. Апостол Петар во своите посланија го нарекува свој духовен син, а токму по негово сведоштво и насоки, Марко го запишал животот и чудата на Исус Христос.

    Покрај својата евангелистичка дејност, Свети Марко бил поставен за прв епископ во Мисир (Египет), каде што ја проповедал христијанската вера во време кога регионот бил преплавен од незнабоштво. Со Божја помош, тој успеал да ја рашири Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол.

    Иако овој ден не се вбројува во редот на „тешки“ празници (црвени букви), во македонската традиција е длабоко почитуван. Утре именден празнуваат сите кои го носат името Марко, но и изведените имиња како Марјан и Марјана.

    Прочитај повеќе

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.