Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање

    05.05.2026 во 16:08

    Кривична пријава за охриѓанец: Продавал станови со лажно одобрение за градење

    05.05.2026 во 15:59

    Малолетник од Неготино фатен со дрога пред основно училиште: СВР Велес поднесе пријава

    05.05.2026 во 15:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање
    • Кривична пријава за охриѓанец: Продавал станови со лажно одобрение за градење
    • Малолетник од Неготино фатен со дрога пред основно училиште: СВР Велес поднесе пријава
    • Бранови насилство низ домовите: Синови напаѓаат мајки, татковци тепаат ќерки – полицијата приведува
    • Давчевски: Скопје е претворено во депонија, а скопјани се принудени да се движат низ еколошка и здравствена бомба
    • Физички напад врз ученик во скопско: Возач на комбе претепал малолетник бидејќи го валкал возилото
    • Филмска брканица во тетовско: Договориле средба за расчистување сметки, па пукал кон нив од возило
    • Заталкано зрно од огнено оружје завршило во двор во Стајковци, скопско
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање

    Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање

    05.05.2026 во 16:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање посочи дека случајот со унгарскиот кредит отвора сериозни сомнежи и прашања кои треба да бидат предмет на интерес и на јавноста и на институциите, за тоа кој ги зел провизиите. 

    „Станува збор за кредитот од една милијарда евра, за којашто Христијан Мицкоски кажуваше дека доаѓа од европска земја. Но, и анализите тогаш коишто ги извадивме од банките укажаа дека потеклото на парите е всушност кинеско.“, рече Филипче.

    Тој појасни дека ова прашање сега го актуализира новиот унгарски премиер Петар Маѓар, којшто најавува обелоденување на многу детали на коишто и на унгарската јавност не ѝ биле достапни и не им биле јасни.

    „Тоа значи дека ќе се постави прашањето како нашата влада, уште неформирана, по победата на изборите во 2024 година отидоа кај Орбан. Дали тогаш договарале кредит од една милијарда евра? Второто прашање е каде завршиле провизиите од тој кредит. Според познавачите и професионалците во банкарскиот сектор, провизија на кредит од една милијарда евра може да изнесува неколку десетици милиони евра до сто милиони евра. Тоа ни го кажуваат нас експертите. Дали некој зел провизија?“, потенцираше Филипче.

    Филипче отвори и прашања поврзани со распределбата на средствата и можните злоупотреби.

    „Зошто се зема кредит да се финансираат само одредени компании, економски субјекти? Зошто сите ние да плаќаме од нашите даноци пари коишто ги субвенционира компанијата којашто ги земала дел од тие кредити? Зошто некои други компании коишто не зеле кредит преку своите даноци плаќаат кредити за други компании? Каде е тука логиката? Дали честото одење на авионот во Будимпешта е поврзано со кредитот? И тоа е прашање коешто ќе се отвори многу скоро во Унгарија. Така што, многу нелогичности околу тој кредит, но времето ќе покаже сè.“, потенцираше преседат на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Давчевски: Скопје е претворено во депонија, а скопјани се принудени да се движат низ еколошка и здравствена бомба

    05.05.2026 во 15:29

    Филипче: Уште еден удар врз семејниот буџет на граѓаните, горивата поскапеа иако премиерот ветуваше дека тоа нема да се случи

    05.05.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.