Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поповиќ: СДСМ бара оставка од Тошковски: Насилството е нормализирано, а системот е во колапс

    Поповиќ: СДСМ бара оставка од Тошковски: Насилството е нормализирано, а системот е во колапс

    05.05.2026 во 12:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција упати остри критики до власта по инцидентот со семејно насилство во кој е инволвиран член на обезбедувањето на премиерот Мицкоски. Од опозициската партија обвинуваат дека институциите немаат капацитет да ги заштитат граѓаните.

    „Уште еден скандалозен случај, човек од обезбедувањето на премиерот Мицкоски завршува во притвор за семејно насилство. Брутално ја претепал сопствената сопруга. Ова е слика на опкружувањето на Мицкоски и на една криминална Влада во која насилството е нормализирано а институциите немаат капацитет за ништо“, изјави Поповиќ.

    Од СДСМ истакнуваат дека одговорноста за обезбедувањето на премиерот и состојбите во полицијата е директно кај министерот Панче Тошковски.

    „Полицијата е партизирана со законот за МВР и служи исклучиво за заштита на криминалната група ВМРО и за злоупотреби против опозицијата. Ако полицајците на Тошковски се тепачи и учесници на семејно насилство, нема систем што може да се воспостави за превенција ниту пак заштита на жртвите“, се вели во соопштението.

    Поповиќ потсети на низа случаи на врсничко и семејно насилство низ државата, како и на неодамнешните убиства во Велес и Старо Нагоричане, тврдејќи дека институциите ги игнорираат пријавите на жртвите. Таа го спомена и случајот во Кочани, како и шверцот на пет тони дрога, за кои исто така нема одговорност.

    „Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка? Оставка веднаш!“, порачаа од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.