Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: СДС и Филипче се претставуваат како проевропски, а одржуваат проруски врски

    05.05.2026 во 12:21

    УХМР повторно најавува промена: Утре сончево, четврток и петок пресврт

    05.05.2026 во 12:15

    Бочварски со критики за инфраструктурата: Владата се кити со туѓи перја, а нови проекти нема

    05.05.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: СДС и Филипче се претставуваат како проевропски, а одржуваат проруски врски
    • УХМР повторно најавува промена: Утре сончево, четврток и петок пресврт
    • Бочварски со критики за инфраструктурата: Владата се кити со туѓи перја, а нови проекти нема
    • Мицкоски за притворениот член на обезбедувањето: Законот важи подеднакво за сите, не толерирам недисциплина
    • Кривична пријава и притвор за 23-годишен тетовец: Марихуаната пронајдена кај Калето во Селце му припаѓала нему
    • Загрижен татко се јавил во полиција: Мојата малолетна ќерка две години е следена и полово вознемирувана од 39-годишен прилепчанец
    • Нови правила за шопинг од „Тему“ и „Шеин“: ЕУ воведува фиксна царина за евтините онлајн пратки
    • Мицкоски: Внимателно се следат берзите по нападите на Блискиот Исток, горивата во Македонија остануваат најевтини во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС и Филипче се претставуваат како проевропски, а одржуваат проруски врски

    Манасиевски: СДС и Филипче се претставуваат како проевропски, а одржуваат проруски врски

    05.05.2026 во 12:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати обвинувања до Венко Филипче и СДС дека користат европска реторика како параван за национални предавства и одржување на проруски бизнис врски.

    Според Манасиевски, лидерот на СДС, Филипче, заедно со неговиот ментор Зоран Заев, го трасирале патот до ЕУ преку обезличување на државата.

    „Затоа Филипче вели дека немаат проблем да потпишуваат сѐ – уште веднаш, и да прават секакви отстапки, без притоа да има било каква гаранција за Македонија. Истовремено, СДС и Венко Филипче се претставуваат како проевропски и зборуваат за европски вредности, а одржуваат проруски врски“, изјави Манасиевски.

    Тој потсети на неколку случаи кои според партијата се доказ за овие тврдења, меѓу кои и македонското државјанство за Александар Онишченко, човек кој во Украина бил гонет за корупција и перење пари.

    Како дополнителен пример за „бизнис шемите“ на претходната власт, Манасиевски го посочи и случајот со почесниот конзул на Белорусија, Борче Марковски.

    „Тој благодарение на Заев и Филипче доби 77 државни тендери од кои 66 беа од ЕСМ во вредност од 141 милион евра“, нагласи Манасиевски.

    На крајот од своето обраќање, Манасиевски ги спомена и бизнисите со Миодраг Давидовиќ Дака во Тетово, заклучувајќи дека обидот за ребрендирање на СДС како проевропска партија нема да ги избрише сеќавањата на граѓаните за нивното минато делување.

    Прочитај повеќе

    Бочварски со критики за инфраструктурата: Владата се кити со туѓи перја, а нови проекти нема

    05.05.2026 во 12:07

    Мицкоски за притворениот член на обезбедувањето: Законот важи подеднакво за сите, не толерирам недисциплина

    05.05.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.