Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна

    10.06.2026 во 10:01

    Апсење на Блаце – МВР со детали

    10.06.2026 во 10:00

    За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми

    10.06.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Апсење на Блаце – МВР со детали
    • За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги интересира ни народот ни државата туку само пари и моќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Преку јазикот ја чуваме душата на народот, тој е чувар на нашата меморија

    Мицкоски: Преку јазикот ја чуваме душата на народот, тој е чувар на нашата меморија

    05.05.2026 во 11:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во своето обраќање, тој нагласува дека јазикот претставува темел на духовната и националната самобитност на македонскиот народ.

    „Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја, чувар на колективната меморија и најсилен израз на нашата културна и национална посебност. Во неговите зборови се вткаени борбите, надежите и стремежите на генерации кои го граделе и зачувале нашето постоење“, се вели во честитката од Мицкоски.

    Премиерот посочува дека главната должност денес е негување и достоинствено претставување на македонскиот јазик како на домашен, така и на меѓународен план.

    „Во време на предизвици, потребна е мудрост, единство и непоколеблива верба во вредностите што не дефинираат. Како општество и како држава, остануваме цврсто определени да го заштитиме и афирмираме македонскиот јазик како неотуѓиво културно и историско наследство. Тој е наша заедничка обврска, но и наша заедничка иднина“, потенцира тој.

    Мицкоски порачува дека 5 Мај треба да биде потсетник за чување на народната душа и ја завршува честитката со пораката: „Нека 5 Мај биде потсетник дека преку јазикот ја чуваме душата на народот. Честит Ден на македонскиот јазик!“.

    Прочитај повеќе

    Апсење на Блаце – МВР со детали

    10.06.2026 во 10:00

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.