Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа

    05.05.2026 во 09:18

    Македонија го одбележува Денот на македонскиот јазик: 81 година од усвојувањето на македонската азбука

    05.05.2026 во 09:13

    Времето денеска сончево и топло со температури до 28 степени – утрово најстудено во Берово

    05.05.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа
    • Македонија го одбележува Денот на македонскиот јазик: 81 година од усвојувањето на македонската азбука
    • Времето денеска сончево и топло со температури до 28 степени – утрово најстудено во Берово
    • Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови
    • Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода
    • Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа

    СДСМ: Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа

    05.05.2026 во 09:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа. Уште една лага, се наведува во соопштението на СДСМ. 

    „Европа отворено најавува економска криза. Авиокомпаниите откажуваат летови поради скап керозин. Само една германска компанија најавила откажување на 20.000 летови.

    Цените на ѓубривата повторно растат, земјоделците се без поддршка и без субвенции. Исто така, цените на основните животни намирници растат од ден на ден. Граѓаните се оставени сами со празни фрижидери и празни џебови.

    Мицкоски и ВМРО-ОКГ:

    -одбиваат да го укинат ДДВ на храна, и да го намалат ДДВ на горивата на 5%,

    -одбиваат да воведат какви било мерки за заштита на стандардот на граѓаните,

    -одбиваат да ја зголемат минималната плата,

    -продолжуваат да ги задолжуваат граѓаните, од почетокот на годината има 700 милиони евра нов долг само за три месеци,

    Економијата оди надолу, странските инвестиции паднаа за 60%, се случуваат масовни отпуштања на работници од индустријата.

    Потрошувачката кошница за една година поскапе за околу 4.000 денари, а владата продолжува да зборува дека „буџетот е во одлична кондиција“.

    Два месеца СДСМ бара конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. 
    Владата молчи.

    Прашањето е сосема логично:

    Дали ова е целосен дилетантизам или намерно се оставаат цените да растат затоа што некој на оваа криза убаво заработува?

    Мицкоски може да продолжи да раскажува бајки за „третата економија во Европа“. 

    Граѓаните секој ден ја гледаат реалноста во празниот фрижидер, празните паричници и во сè поскапите сметки.

    СДСМ повторно бара:
    •  итно замрзнување на цените на основните прехранбени производи,
    •  укинување на ДДВ на храна, намалување на ДДВ за горивата и намалување на акцизите,
    •  реална помош за загрозените семејства, пензионерите и земјоделците.
    •  мерки за зачувување на работните места.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот

    04.05.2026 во 20:16

    Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

    04.05.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.