Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Филипче и СДС се проевропски само на хартија, во реалноста соработуваат со проруски бизнисмени

    04.05.2026 во 12:37

    Мицкоски: Владата ќе стори сè за идеалите на Гоце Делчев и самостојна Македонија

    04.05.2026 во 12:24

    Мицкоски: Нема отстапување од македонскиот идентитет, тоа е нашата црвена линија

    04.05.2026 во 12:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Филипче и СДС се проевропски само на хартија, во реалноста соработуваат со проруски бизнисмени
    • Мицкоски: Владата ќе стори сè за идеалите на Гоце Делчев и самостојна Македонија
    • Мицкоски: Нема отстапување од македонскиот идентитет, тоа е нашата црвена линија
    • Ѓорѓиевски: Споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец
    • Падна вработен во Центар за социјални работи: Незаконски префрлил над 150.000 денари на познаник
    • Судење за „Пулс“: Прочитани исказите на клучните сведоци кои не се достапни на органите на прогон, одбраната обвинува дека Обвинителството свесно ги крие
    • Од зима директно во лето: Температурите во Македонија викендов ќе достигнат до 30 степени
    • Тензии во судницата за „Пулс“: Адвокатката на првообвинетиот тврди дека му е загрозен животот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Филипче и СДС се проевропски само на хартија, во реалноста соработуваат со проруски бизнисмени

    Манасиевски: Филипче и СДС се проевропски само на хартија, во реалноста соработуваат со проруски бизнисмени

    04.05.2026 во 12:371 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека раководството на СДС, предводено од Венко Филипче, одржува блиски врски со проруски структури додека јавно се претставува како проевропска опција.

    Манасиевски потсети на периодот кога СДС беше на власт, посочувајќи дека тогаш контроверзни бизнисмени добивале државни привилегии.

    „Во времето на владеењето на менторот на Филипче, Зоран Заев, овие проруски бизнисмени добиваа тендери, плацеви, па дури и државјанства само поради соработката и блискоста со Зоран Заев“, изјави Манасиевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС само на хартија е европски ориентирана, додека во реалноста ја злоупотребувала европската агенда за внатрепартиски цели. Како пример беше наведена употребата на европското знаменце во Собранието, за што Македонија добиваше негативни извештаи од Брисел.

    Манасиевски нагласи дека ветувањата на СДС за здравството, образованието и платите останале неисполнети.

    „Кога СДС и Филипче говорат за Европа, се потсетуваме на нивните ветувања за бесплатно здравство, квалитетно образование и повисоки плати. А од сето ова добивме фотографија од авион на чиј лет ни беше ветен датумот за влез во ЕУ“, рече тој.

    Според него, актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е единствената која на „достоинствен и чесен начин“ ќе го заврши патот кон ЕУ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Нема отстапување од македонскиот идентитет, тоа е нашата црвена линија

    04.05.2026 во 12:23

    Кузеска: Груевски мора да одговара, Мицкоски го продолжува неговиот систем на партизација

    04.05.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.