Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија
    • 19-годишник претепал малолетничка на улица во Куманово
    • Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува
    • Штипјанец го пријавил својот син во полиција
    • Делови од Општина Центар утре ќе останат без вода
    • Усмртил диво животно во период кога ловот е забранет – неготинчанец кривично ќе одговара
    • МВР до возачите со возила со странски таблици: Може да проверите дали имате казна и веднаш да ја платите
    • Акција во Скопје: Приведени повеќе лица под сомнение за тероризам
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец

    Ѓорѓиевски: Споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец

    04.05.2026 во 12:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод 123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, упати порака со која оддаде почит на неговото дело и историско значење.

    Ѓорѓиевски нагласи дека името на Делчев не е само дел од историјата, туку симбол на македонската борба за слобода и достоинство.

    „Вечна слава и длабок поклон пред делото на великанот Гоце Делчев!

    Постојат имиња кои не припаѓаат само на историјата, туку на душата на еден народ.

    Такво име е Гоце Делчев, кое е симбол на слободата, на непокорот и на вечната македонска борба за достоинство.

    Голема е борбата за идеалите, но уште поголемо е делото на Гоце, кое и денес стои како наш завет пред иднината.

    Тој со својот живот ја плати најголемата љубов, кон татковината!

    Затоа, споменот за Делчев е дел од кодот на секој вистински Македонец.

    Тоа е почит што се носи во срцето, гордост што се пренесува низ генерации и аманет што не смее никогаш да згасне.

    И денес, 123 години по неговата смрт, со длабока почит се поклонуваме пред неговото херојство, пред македонската историја и пред славата која вечно ќе живее.

    Гоцевата борба е и наша борба.

    Борба за опстанок, за достоинство, за македонската вистина и за правото на Македонија да постои исправено пред светот.

    Гоце e завет.

    Завет, за Македонија!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

    Прочитај повеќе

    Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија

    28.09.2026 во 16:25

    19-годишник претепал малолетничка на улица во Куманово

    28.09.2026 во 16:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.