Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство

    29.10.2026 во 13:11

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03

    Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија

    29.10.2026 во 13:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија
    • Мицкоски: По шест месеци од најавените скандали за унгарскиот кредит, нема ни „к“ од криминал – ДЗР потврди дека парите се за македонската економија
    • Мицкоски до Филипче: Ние го враќаме тоа што вие го распродадовте
    • Гаши за изборите во Брвеница: Нека победи најдобриот и нека им служи на сите граѓани
    • Руската амбасада ги отфрла обвинувањата на АНБ за пропагандна мрежа во Македонија
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Вешто лице ќе сведочи за смртта на 63 жртви

    Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Вешто лице ќе сведочи за смртта на 63 жртви

    04.05.2026 во 09:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во импровизираната судница во затворот „Идризово“, денеска треба да продолжи судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено сослушување на вешто лице од Институтот за судска медицина.

    На претходното рочиште, одржано на 28 април, Обвинителството ја презентираше медицинската документација за над 200 повредени лица кои побарале помош по трагедијата на 16 март минатата година.

    Обвинителката Наташа Сарамандова ги изнесе деталите за повредите кај 157 лица со тешки телесни повреди и уште 65 лица со телесни повреди, меѓу кои има и 20 деца.

    „Вештачењата на медицинската документација на повредените во пожарот на 16 март 2025 година констатира повреди од штетни гасови и интоксикација, тешки телесни повреди со изгореници на лицето, рацете, телото и грбот од 6 до 30 % од вкупната површина на телото“, стои во доказите на Обвинителството.

    Документацијата открива и тешки повреди на дишните органи поради вдишување јаглероден моноксид, како и скршеници на ребра и прешлени кај дел од преживеаните.

    Одбраната реагираше на начинот на изведување на доказите, тврдејќи дека станува збор само за читање на листата, а не за суштинско изведување на доказите.

    Претходно беа изведени обдукциските наоди кои потврдија дека кај 59 жртви смртта настапила како резултат на труење со јаглероден моноксид. Кај останатите жртви смртта е констатирана како последица на задушување поради притисок врз градниот кош или изгореници од трет степен.

    Вештачењето на денешното рочиште треба да даде одговори на клучните прашања за тоа колкаво присуство на гасови во крвта е смртоносно и дали жртвите би можеле да бидат спасени со навремена кислородна терапија.

    Прочитај повеќе

    Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство

    29.10.2026 во 13:11

    Филипче до Мицкоски: Знам дека ти е тешко, ти го снема и вториот ментор од Србија

    29.10.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.