Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст

    22.06.2026 во 09:05

    Масовен напад со дронови врз Москва: Затворени четири аеродроми

    22.06.2026 во 09:03

    СДСМ: Владата со реконструкцијата сака да ги замачка очите на граѓаните

    22.06.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст
    • Масовен напад со дронови врз Москва: Затворени четири аеродроми
    • СДСМ: Владата со реконструкцијата сака да ги замачка очите на граѓаните
    • Жена со тврд предмет нападнала пензионерка во скопско
    • Три напади во Центар за неколку часа – Меѓу претепаните и малолетници
    • Крвава драма во Македонија: Се степале па го избодел со нож
    • Ужас во Скопје: Ја следел и се самозадоволувал пред неа
    • Починат маж пронајден во стан во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија подготвува нов закон: Подгответе се за казни до 5.000 евра доколку чувате домашно милениче

    Македонија подготвува нов закон: Подгответе се за казни до 5.000 евра доколку чувате домашно милениче

    04.05.2026 во 09:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија се подготвува за нови, значително построги правила за сопствениците на домашни миленици. Новиот Предлог-закон за заштита и благосостојба на животните, подготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предвидува високи парични казни и ригорозни мерки за прекршителите.

    Според предлог-решението, сопственикот кој ќе го напушти својот миленик може да се соочи со трајна забрана за чување ново животно. Глобите за физичките лица се значително зголемени.

    „Несоодветно чување или шетање куче ќе се казнува со околу 400 евра, додека сурово и нехумано однесување, мачење или усмртување на животни може да достигне казни до 5.000 евра“, стои во предложените измени.

    Законот предвидува и забрана за постојано врзување кучиња без дневно движење, како и строга контрола на размножувањето – едно женско животно ќе може да има само едно легло годишно.

    Се воведува и обврска за пријавување на леглата кај ветеринар, додека продажбата од нерегистрирани одгледувачи ќе биде ограничена. Целта е да се спречи неконтролираната трговија и да се намали бројот на бездомни животни.

    Во изработката на законот учествувале АХВ, Ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина, ЗЕЛС и организацијата „Анима Мунди“. Иако од АХВ тврдат дека предлогот е испратен на 9 април, од Министерството за земјоделство велат дека документот сè уште не е доставен до нив за владина процедура.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст

    22.06.2026 во 09:05

    СДСМ: Владата со реконструкцијата сака да ги замачка очите на граѓаните

    22.06.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.