Close Menu
Press24
    Најново

    Поповиќ: Мицкоски однапред бара алиби за неуспехот со реформите во јуни

    02.05.2026 во 12:54

    Страшна несреќа кај Гостивар: 27-годишник паднал од четирицикл и се здобил со тешки повреди

    02.05.2026 во 12:39

    Полицијата стопирала автомобил во кичевско – се шокирале кога виделе кој е зад воланот

    02.05.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поповиќ: Мицкоски однапред бара алиби за неуспехот со реформите во јуни
    • Страшна несреќа кај Гостивар: 27-годишник паднал од четирицикл и се здобил со тешки повреди
    • Полицијата стопирала автомобил во кичевско – се шокирале кога виделе кој е зад воланот
    • Драма во Кичево: Нападнал полицајци со лопата и нож додека интервенирале за семејно насилство
    • Хорор во Кичево: Млад маж со нож нападнал две лица пред угостителски објект, па избегал
    • Охриѓанец пронајден мртов во стан – телото е предадено на обдукција
    • Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит
    • Манасиевски: СДС и Филипче се проевропска опција само на етикета, постојано се демантирани од Брисел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поповиќ: Мицкоски однапред бара алиби за неуспехот со реформите во јуни

    Поповиќ: Мицкоски однапред бара алиби за неуспехот со реформите во јуни

    02.05.2026 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција го обвини претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека подготвува терен за префрлање на вината врз опозицијата за евентуалниот неуспех во евроинтеграциите.

    Според СДСМ, најавите дека Изборниот законик е закочен од нивна страна се „класична лага“, со оглед на тоа што владејачкото мнозинство има капацитет самостојно да носи закони.

    „Вистината е едноставна: ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието и може самостојно да донесува закони. Како што без консензус и без поддршка од СДСМ ја укинаа техничката влада, така можат да го донесат и Изборниот законик“, изјави Поповиќ.

    Таа додаде дека Мицкоски ветувал оти Македонија во јуни ќе биде „рамо до рамо со Црна Гора“, но сега веќе подготвува изговори зошто тоа нема да се случи. Главните причини, според Поповиќ, се неисполнувањето на обврските за уставни измени и клучните реформи.

    „Нема да ги внесе малцинствата во Уставот, нема да ги затвори осумте клучни реформски точки и нема да ги реши проблемите што самиот ги продлабочи: криминал, корупција, партизација на институциите и контрола врз судството и обвинителството“, нагласи таа.

    Од СДСМ порачаа дека нема да дозволат да бидат вовлечени во сценарио на манипулации, тврдејќи дека граѓаните јасно гледаат кој го блокира патот кон Европа.

    Прочитај повеќе

    Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

    02.05.2026 во 11:53

    Манасиевски: СДС и Филипче се проевропска опција само на етикета, постојано се демантирани од Брисел

    02.05.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.