Close Menu
Press24
    Најново

    На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат

    11.06.2026 во 23:27

    Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан

    11.06.2026 во 23:12

    Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна

    11.06.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
    • Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
    • Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
    • Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
    • Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
    • ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
    • Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
    • Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за Реформската агенда: Од последно место во регионот, Македонија сега е рамо до рамо со Црна Гора

    Мицкоски за Реформската агенда: Од последно место во регионот, Македонија сега е рамо до рамо со Црна Гора

    30.04.2026 во 14:265 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во однос на критиките за недоволно реализираното од Реформската агенда, како одговор на пратеничко прашање даде поширок контекст во насока на појаснување дека на крајот на јуни завршува „грејс периодот“, за оние индикатори кои требаше да бидат завршени заклучно јуни 2025 година.

    „Од 12, 10 треба до јуни да ги завршиме. Првиот индикатор е во делот на енергетиката, државата повеќе да не учествува со целосната количина на електрична енергија на тендерот којшто снабдувачот еднаш годишно, согласно новата одлука на Регулаторната комисија, го објавува за да може да ги снабдува граѓаните со струја. Практично, да престанеме да ја субвенционираме струјата за граѓаните. Вредноста на овој индикатор е 8,5 милиони евра, од кои третина е грант, а другото е кредит со отплата од 2032 година. Јавно и јасно кажувам дека овој индикатор немаме намера да го завршиме. Ако го направиме тоа и не учествуваме со целосната количина на струја на јавната набавка на снабдувачот, тогаш цената на електрична енергија за домаќинствата, оние кои ја добиваат од снабдувачот, ќе биде повеќе од 35% поголема. И тоа ќе повлече и други работи, ценовен шок. И јавно кажуваме дека тоа немаме намера да го направиме“, нагласи претседателот на Владата. 

    Мицкоски продолжи со индикаторите поврзани во делот на енергетиката, напоменувајќи за тоа што се работи.

    „Во Министерството работат на завршување на подзаконските акти заедно со експерти коишто ги ангажиравме по препораки на Европската комисија, а со цел законот за енергетика да стане и функционален. И работиме во овие два месеци за да го надополниме она што претходно не го направил, и со овие подзаконски акти ќе го докомплетираме и ќе го затвориме целосно“.  

    Во однос на третиот сегмент, економскиот, Мицкоски објасни дека се работи на измена на закон донесен пред десетина години. 

    „Министерството за финансии, согласно препораките на ЕК постапи, и покрај тоа што ни беше кажано дека тоа е доволно, излезе дека треба да имаме одредени промени на закон, и ќе го направиме тоа многу бргу бидејќи повеќе е семантичка отколку суштинска. 

    Четвртиот индикатор е поврзан со Министерството за економија и труд, и се работи, работиме со надворешни експерти и очекувам до крај на овој грејс период и тој индикатор да биде завршен, а практично тоа е да се формира еден регистар на правни лица каде што државата е целосен или делумен учесник во сопственичката структура. И тоа би бил четвртиот индикатор којшто очекувам да биде завршен“. 

    Во рамки на реформите во насока на исполнување на реформската агенда, а во делот коишто зафаќаат реформи во делот на правосудството, премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за законите за судскиот совет и независноста на судиите и јавните обвинители.

    „Петтиот индикатор и покрај тоа што мина законот за судски совет има одредени лесни забелешки коишто мислам дека се прифатливи и тие многу скоро ќе се најдат пред пратениците за усвојување. Не е ништо суштинско, но е во рамките на барањата на ЕК.

    Во рамки на реформите на правосудството доаѓаме до моментот на независноста на судиите и обвинителите во делот на вработување и унапредување. Тоа се два индикатори, односно, плановите за вработување и унапредување да не зависат од одобрување од Владата, туку Советот на ЈО и Судскиот совет да им дадат одобрување. Ќе потсетам дека Министерството за финансии годинава мислам дека даде согласност за вработување за неколку стотини луѓе во службите во рамки на судовите во Македонија. И тука се платите, Уставниот суд донесе одлука да се вратат коефициентите од 2025 година, ние не можеме да ги вратиме од 2024 година, бидејќи одлуката на Уставниот е конечна, и со тоа се исполнува условот согласно новите коефициенти, судиите да имаат повисоки плати, а со синдикатите на државната администрација, но и со синдикалните единици на службениците во рамките на јавните обвинителства и судовите се потпиша договор за зголемување на платите, и со тоа практично ние и тој дел од индикаторот го надминеме и завршиме“. 

    Сумирајќи ги досегашната работа во делот на реформите, Мицкоски посочи и дека се сработени индикатори и од претходните години и оние коишто се очекуваат во иднина, а за сето тоа многу скоро ќе има информација од Брисел со којашто позитивно ќе бидат оценети, и Македонија од последна во регионот повторно ќе биде лидер во реформите.

    „Јас очекувам најмалку седум или осум од овие десет индикатори во овој рок, овој грејс период, а притоа да бидат уште неколку такви индикатори завршени за другите извештајни периоди коишто се зад нас, но и оние што се пред нас затоа што имаме и некои коишто предвреме се исполнуваат. 

    Повторно ќе дојде сега информација од Брисел. Информацијата што ќе дојде е дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со фронтранерот, и од 21-22 индикатори, 16-17 се веќе успешно завршени за извештајниот период којшто заврши кон крајот на 2025 година. Ако бевме последни, сега според нив, сме рамо до рамо со Црна Гора, и очекувам многу скоро како информација да дојде од Брисел“, нагласи претседателот на Владата Христијан Мицкоски, како одговор на пратеничко прашање.

    Прочитај повеќе

    Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта

    11.06.2026 во 21:17

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

    11.06.2026 во 18:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.