Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Ставовите на Рубин Земон за Гоце Делчев се доказ за политиката на Филипче без „црвени линии“

    30.04.2026 во 13:00

    Петрушевски: Брисел и Вајц ги демантираа Филипче и СДС, ИПАРД не е блокирана

    30.04.2026 во 12:59

    Ужас во Тетово: Двајца малолетници завршија во болница – врсник ги нападнал со нож и штрафцигер

    30.04.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Ставовите на Рубин Земон за Гоце Делчев се доказ за политиката на Филипче без „црвени линии“
    • Петрушевски: Брисел и Вајц ги демантираа Филипче и СДС, ИПАРД не е блокирана
    • Ужас во Тетово: Двајца малолетници завршија во болница – врсник ги нападнал со нож и штрафцигер
    • Градски автобус падна во река, со себе повлекол и автомобил – Хорор во Живизи
    • Екс претседател на Стоматолошка комора на Македонија заработи кривична – злоупотребени се над 30 милиони денари преку „фантомски“ здруженија
    • Хорор во Битола: 11-годишно дете нападнато во двор на основно училиште, напаѓачот му се заканувал со нож
    • Лоши вести за утрешниот ден – УХМР со најнова прогноза
    • Минчев: Институционален фокус на ефикасно управување и намалување на управните спорови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Ставовите на Рубин Земон за Гоце Делчев се доказ за политиката на Филипче без „црвени линии“

    Манасиевски: Ставовите на Рубин Земон за Гоце Делчев се доказ за политиката на Филипче без „црвени линии“

    30.04.2026 во 13:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри критики до СДСМ по јавниот настап на Рубин Земон, член на Извршниот одбор на социјалдемократите. Според Манасиевски, изјавите на Земон за македонскиот идентитет и Гоце Делчев се показател за тоа како партијата под раководство на Венко Филипче се однесува кон националните интереси.

    Манасиевски посочи дека желбата на СДСМ за власт оди до степен на негирање на македонските обележја и прифаќање услови од земји кои го попречуваат патот кон ЕУ.

    „Членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ниедна битка“, истакна Манасиевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Земон, како поранешен функционер, само го потврдува континуитетот на ваквите ставови во СДСМ, каде идентитетот и јазикот се користат како теми за политичко пазарење.

    Манасиевски додаде дека Филипче поставува луѓе подготвени да ја релативизираат историјата и дека е подготвен на отстапки кои допираат до темелите на државноста.

    „Рубин Земон е само уште еден доказ дека за Филипче не постои никаква црвена линија“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Брисел и Вајц ги демантираа Филипче и СДС, ИПАРД не е блокирана

    30.04.2026 во 12:59

    Фрчкоски: Градежната мафија на ВМРО-ДПМНЕ е опасна по живот, институциите молчат за трагедијата во Кисела Вода

    30.04.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.