20-годишно момче од прилепско Големо Коњари, утрово околу 08 часот го загуби животот на ул. “Леце Котески” во Прилеп, пред долната фабрика на “Витаминка”, објави Маркукуле.
Според информациите, момчето со иницијали В.Б. управувало моторцикл, а причините за несреќата засега се непознати.

