Close Menu
Press24
    Најново

    Со А1 на сметка и M-TAG уред за електронско плаќање патарини

    30.04.2026 во 10:43

    Драма во Долнени: Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

    30.04.2026 во 10:36

    Вандализирано најголемото училиште во Штип, наставата е во прекин

    30.04.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Со А1 на сметка и M-TAG уред за електронско плаќање патарини
    • Драма во Долнени: Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство
    • Вандализирано најголемото училиште во Штип, наставата е во прекин
    • Цената на нафтата експлодираше: Достигна највисоко ниво во последните четири години
    • Шок во регионот: Откриени подземни плантажи за канабис во стар рудник за цинк, запленети 600.000 евра
    • Филипче: Со Мицкоски Македонија падна за три места во Индексот за слобода на медиуми
    • „Вреди“ се спојува во една партија: Крај за ерата на политички измами и личен профит
    • ВМРО-ДПМНЕ: Член на највисокото раководство на СДС изјави дека Гоце Делчев е „небитна тема“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Со А1 на сметка и M-TAG уред за електронско плаќање патарини

    Со А1 на сметка и M-TAG уред за електронско плаќање патарини

    30.04.2026 во 10:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    А1 Македонија продолжува да ја зацврстува својата позиција како партнер што им нуди на корисниците практични и интегрирани решенија за секојдневните потреби и со големо задоволство најавува збогатување на своето портфолио со воведување на услугата M-TAG, паметно решение за електронско и бесконтактно плаќање патарини.

    Од денеска, во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), А1 Македонија ја проширува својата понуда со услуги и ја збогатува со M-TAG,  овозможувајќи им на корисниците поголема едноставност, контрола и удобност во секојдневното движење. Поминувањето низ наплатните рампи се одвива без запирање, преку M-TAG лентите, што значително го намалува времето на чекање и овозможува побрзо и поефикасно патување.

    Уредот е лесен за користење и се поставува на ветробранското стакло, а системот автоматски го регистрира при секое поминување. Корисниците имаат флексибилност да изберат начин на плаќање што најмногу им одговара – преку поврзување со А1 постпејд број, со платежна картичка или со претходно надополнување средства.

    M-TAG е достапен во продажната мрежа на А1 за постпејд мобилни и за фиксни корисници, со можност за плаќање на 24 месечни рати од 49 денари, директно интегрирани во месечната сметка, или со еднократен надоместок од 1.199 денари. Со оваа услуга, А1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата стратегија да обезбеди „сè на едно место“, од комуникации и забава до практични решенија што го поедноставуваат секојдневието и создаваат вистинска вредност за корисниците

    Прочитај повеќе

    Нови правила во ЕУ: Од 2027 година мобилните телефони мора да имаат заменливи батерии

    29.04.2026 во 20:29

    Револуција во Њујорк: Првите електрични воздушни такси летала полетаа од Менхетен кон „ЏФК“

    28.04.2026 во 16:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.