Close Menu
Press24
    Најново

    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за времена продолжениот празничен викенд

    30.04.2026 во 09:33

    СДСМ: Мицкоски продава приказни , исполнети се само 2 од 10 приоритети на Европската комисија

    30.04.2026 во 09:28

    Прочитајте пред да одите на технички преглед: МВР воцеде новини при регистрација на возилата

    30.04.2026 во 09:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за времена продолжениот празничен викенд
    • СДСМ: Мицкоски продава приказни , исполнети се само 2 од 10 приоритети на Европската комисија
    • Прочитајте пред да одите на технички преглед: МВР воцеде новини при регистрација на возилата
    • Ќе нема струја до 14 часот – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Муцунски во Загреб: Стратешко партнерство со Хрватска и забрзување на евроинтеграциите
    • Собранието на „жешко столче“: Опозицијата денеска ќе поставува прашања до Владата
    • Подгответе се: УХМР за денеска најави дожд, снег и силен ветер; познато кога се очекува стабилизација
    • Календар на МПЦ: Утре се слави голем светител
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за времена продолжениот празничен викенд

    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за времена продолжениот празничен викенд

    30.04.2026 во 09:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претстојниот продожен викенд, по повод празникот „1 Мај“, очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Дел од граѓаните ќе останат во своите домови, но некои граѓани ќе ја искористат оваа празнична можност да
    отпатуваат кон некој од многуте туристички центри или на прошетка во планина, покрај езеро и
    сл.

    РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

    Сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин. Последиците и
    загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, честопати фатални и ненадоместливи,
    за да може кој било да си дозволи неодговорно однесување во сообраќајот. Затоа, апелираме на
    етичност и одговорност, како и на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи
    од страна на сите учесници во сообраќајот.

    Во сообраќајот нема мали и големи грешки. Секое неправилно однесување во сообраќајот може
    да заврши со сериозни последици. Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин
    придонесете доброто празнично расположение да трае и после одбележувањето на празниците.
    Преземете мерки за ваша и сигурност на другите учесници во сообраќајот.

    Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира:

    • Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
      и поставената сообраќајна сигнализација.
    • Задолжително користете сигурносен појас, не користете мобилен телефон, или друг уред со кој би Ви се одвлекло вниманието при
      управување со возило
    • Не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол.
    • Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината.
    • Планирајте го патувањето однапред и правете паузи за одморза време на патувањето.
    • Бидете совесни и одговорни учесници во сообраќајот.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува весел и безбеден
    продолжен празничен викенд.

    ВОЗИОДГОВОРНО – Секој живот е важен!

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски продава приказни , исполнети се само 2 од 10 приоритети на Европската комисија

    30.04.2026 во 09:28

    Прочитајте пред да одите на технички преглед: МВР воцеде новини при регистрација на возилата

    30.04.2026 во 09:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.