Секоја чест за полицијата на ДПМНЕ и нивната сервилна, селективна и политички мотивирана примена на сила. Ја известуваме јавноста дека претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, е пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме, велат од Левица.
За овој “прекршок” беше мобилизирана толпа полициски службеници кои приведоа млад човек кој впрочем не пружи никаков отпор, ниту пак направи било каков инцидент. Со лисици, како да се работи за опасен криминалец, беше спроведен во станица, без притоа да му се соопшти основот за лишување од слобода.
Во исто време, истата таа полиција под капата на Тошковски, со фрапантна леснотија дозволува да исчезнуваат и да бегаат лица осомничени за тешки кривични дела, не постапува ниту со слична ревност при брутални насилства, а семејното насилство го релативизираати оставаат без соодветен институционален одговор.
Државата казнува солидарност, а премолчува насилство!
ДПМНЕ денес нуди сулуда сервилност до степен на подредување на институциите на дневнополитички потреби и надворешни агенди.
Македонија некогаш била на правилната страна на историјата, на страната на угнетените, правдата и хуманиста и човечноста. Денес се турка да стои рамо до рамо со политики кои поддржуваат и го поткрепуваат страдањето, фашизмот, геноцидот!
Ако нешто јасно се виде од овој случај, тоа е бруталноста со која системот се однесува кон оние што не се покоруваат.
Кога државата почнува да се однесува како да ѝ припаѓа на малкумина, тогаш секој граѓанин што мисли поинаку станува проблем што треба да се оттурне. И токму затоа ваквите сцени се предупредување.
Но историјата покажува дека општества изградени на страв и сервилност не траат долго, затоа што секоја прекумерна сила на крај ја разоткрива сопствената слабост!
Иако власта избра да застане на погрешната, одвратна страна, на страната против која нашите предци се бореле да ја соборат – денешниот настан повторно покажа дека народот не ја следи таа матрица.
Македонскиот народ, и покрај сè, останува на вистинската страна на историјата, велат од Левица.

