Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски внесува Бугари во Уставот

    29.04.2026 во 09:02

    Реформи во Собранието: Владата го предлага крајот на „техничкиот“ модел, пред пратениците и закон за ограничување на државјанствата

    29.04.2026 во 09:00

    Дневен хороскоп: Денес внимавајте на емоциите и не избрзувајте со одлуки

    29.04.2026 во 08:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски внесува Бугари во Уставот
    • Реформи во Собранието: Владата го предлага крајот на „техничкиот“ модел, пред пратениците и закон за ограничување на државјанствата
    • Дневен хороскоп: Денес внимавајте на емоциите и не избрзувајте со одлуки
    • Времето денеска сончево, од утре пад на температурите и снег на планините
    • Птиците имаат способност да го видат магнетното поле
    • Календар на МПЦ: Утре се слават овие светители
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче доби шлаканица од Вајц, европратеникот вели Македонија има напредок на патот кон ЕУ
    • Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски внесува Бугари во Уставот

    СДСМ: Мицкоски внесува Бугари во Уставот

    29.04.2026 во 09:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ОКГ вчера, по реакцијата на европскиот известител Томас Вајц дека неговото интервју во кое вели дека нема никаков напредок на реформите во Македонија е старо, веднаш направи напад врз СДСМ, стои во соопштението од СДСМ.

    „Европскиот пратеник Томас Вајц изјави дека неговото интервју за бугарската телевизија е старо (снимено пред повеќе од седум недели, на почетокот на март) и дека Северна Македонија во меѓувреме забележала некаков напредок.

    Вајц истакна дека земјата уште има време да ги исполни обврските од реформската агенда до јуни.

    Истовремено, Вајц повторно потврди дека „основниот и клучен услов за напредок и за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија“.

    Без тоа, според неговите зборови, нема да има понатамошни чекори.

    Значи ли ова дека Мицкоски и ВМРО-ОКГ се подготвуваат да го направат она што јавно го негираат: да внесат Бугари во Уставот?!

    Ова е голема вест за граѓаните на Македонија и голем чекор кон продолжување на ЕУ интеграциите.

    Граѓаните имаат право да ја знаат вистината.

    Нека Мицкоски и владата јасно и јавно кажат:

    Дали се подготвуваат да го менуваат Уставот за да внесат малцинства, а со тоа и Бугари?

    Со оглед на тоа дека тоа е единствената работа која моментално може да ја помести
    Македонија од мртвата точка во преговорите.

    СДСМ останува на ставот дека европската иднина на Македонија не смее да се гради на уцени, туку на вистински реформи и почитување на македонскиот идентитет.

    Прашањето за малцинствата во Уставот не смее и не може да биде дел од проблемот“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Реформи во Собранието: Владата го предлага крајот на „техничкиот“ модел, пред пратениците и закон за ограничување на државјанствата

    29.04.2026 во 09:00

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче доби шлаканица од Вајц, европратеникот вели Македонија има напредок на патот кон ЕУ

    28.04.2026 во 23:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.