Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Владата не спаси: Дизелот ќе отидеше над 110 денари за литар

    28.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел
    • Нови сообраќајни правила во и ЕУ
    • Мицкоски утре на промоција на проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“
    • Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Петрушевски: Филипче доживува дебакл
    • Сиљановска-Давкова во Салцбург: Проширувањето кон Западен Балкан е тест за геополитичкиот капацитет на ЕУ
    • Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка
    • Хорор за прваче во Кочани: Го соблекле гол, го тепале и го снимале
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Морничави детали: Презентирани обдукциските извештаи за трагедијата во „Пулс“ – повеќето жртви починале од задушување

    Морничави детали: Презентирани обдукциските извештаи за трагедијата во „Пулс“ – повеќето жртви починале од задушување

    28.04.2026 во 12:262 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи минатата година, денеска влезе во својата најтешка фаза. Во судницата во КПУ „Идризово“ беа презентирани над 60 обдукциски наоди кои ја открија страшната вистина за последните моменти на настраданите, меѓу кои доминираат млади луѓе на возраст од 16 до 25 години.

    Вештачењата недвосмислено потврдија дека сите жртви настрадале од насилна смрт. Најголем број од нив, над 50 лица, починале од интоксикација (труење) со јаглерод моноксид, откако густиот и отровен чад за кратко време го исполнил просторот на дискотеката.

    Меѓу имињата на жртвите на кои им се прекинати животите на овој начин беа прочитани Јорданчо Џамов (31), Иван Трајчев (24), Џоко Ѓорѓиев (24), Ивана Антова (21), Павел Христовски (20), Драгана Минова (16), Филип Ивановски (16), Димитар Иванов (16), Леонид Велков (17), Надуца Наунова (17), Сара Јорданов (17), Матеј Марковски (18) и многу други.

    Обдукциите открија и дека хаосот и паниката што настанале при обидот за бегство довеле до трагичен крај за четворица млади луѓе, кои починале од компресија (згмечување во толпа): Стефанија Алексова (19), Диме Димитриев (31), Сара Алексова (21) и Моника Спасова (26). Кај дел од жртвите, пак, како причина за смртта е наведен апсолутен недостаток на кислород, додека кај Ѓорѓи Величков е утврдено термичко оштетување на дишните патишта.

    На крајот на рочиштето беа презентирани и извештаите за Александар Глигоровски (29) и Стојанче Стефанов (24), кои им подлегнаа на повредите додека се лекувале во странство. Денешното рочиште беше исполнето со тешка емотивна атмосфера, соочувајќи ја јавноста со суровата реалност на една од најголемите трагедии во историјата на земјата.

    Прочитај повеќе

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Мицкоски утре на промоција на проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“

    28.09.2026 во 14:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.