Close Menu
Press24
    Најново

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голема акција на МВР И ФБИ во Тетово: Разбиен „OLVX“, уапсени двајца администратори на нелегален онлајн пазар, заплени во вредност од над 500.000 долари

    Голема акција на МВР И ФБИ во Тетово: Разбиен „OLVX“, уапсени двајца администратори на нелегален онлајн пазар, заплени во вредност од над 500.000 долари

    28.04.2026 во 10:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претрес во тетовска Голема Речица, лишени од слобода две лица-администратори на нелегален онлајн пазар, одземени компјутери и телефони

    Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени и содржел детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и продавачи, при што биле евидентирани над 2.600 кориснички сметки и над 1.500 сметки на продавачи. Вкупната продажна вредност на артиклите надминува 500.000 американски долари.

    Во рамки на постапката, а врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Тетово, извршен е претрес на територија на Општина Тетово, с. Голема Речица кај осомничените А.Е. (20) и А.И. (23), македонски државјани, за кои постојат основани сомненија дека се администратори на наведениот онлајн пазар. За време на извршување на претресот тие се затекнати на лице место во вршење на кривично дело за кое се сомничат и при тоа се одземени десктоп компјутери, лаптоп компјутери и телефони кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа и ќе послужат како доказ во кривичната постапка, а лицата се лишени од слобода.

    Секторот за компјутерски криминал продолжува со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на случајот, во насока на идентификација на сите инволвирани лица и обезбедување на релевантни докази, согласно важечките законски прописи.

    Прочитај повеќе

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.