Close Menu
Press24
    Најново

    Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми

    10.06.2026 во 08:26

    „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп

    10.06.2026 во 08:25

    Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова

    10.06.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми
    • „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп
    • Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова
    • „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода
    • Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска за врсничкото насилство: Клучна улога имаат родителите, институциите не можат сами

    Јаневска за врсничкото насилство: Клучна улога имаат родителите, институциите не можат сами

    27.04.2026 во 16:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска информираше дека надлежните институции веќе постапуваат по случајот со врсничкото насилство во училиште во Ѓорче Петров. Училиштето ги презело сите законски мерки, вклучително и пријавување во полиција и во социјалните служби, но Јаневска упати апел до родителите за поголема вклученост во воспитувањето на децата.

    „Жал ми е што се соочуваме со вакви случаи. Министерството добива информации за ваквите настани и презема мерки. Во соработка со компании, со Бирото за развој на образованието, постојано подготвуваме упатства, прирачници како да се постапи во вакви случаи. Постапено е како што треба и во овој случај, училиштето пријавило во полиција и во социјалните служби и самото тоа презема мерки. Сите ние одговорни институции може да правиме се како што треба, но ако немаме помош од родителите, не можеме да имаме успех. Ќе имаме одреден процент успех, но клучна улога имаат и родителите. Сега имаме иницијатива за проект за семејно насилство зашто најчесто овие агресии се резултат на она што се случува дома“, истакна министерката.

    Во однос на новиот закон за високо образование, Јаневска посочи дека академската заедница е активна и дека целта е преку реформи да се постигне подобра меѓународна рангираност на универзитетите. Таа појасни дека новите критериуми не ги поштедуваат професорите, туку воведуваат нови обврски за кариерен развој.

    „Веќе избраните редовни доживотни професори не се опфатени со критериумите, но прв пат имаат други задолженија. Ако сакаат да имаат каква било кариера, особено помладите, ќе треба да постигнат критериуми за ментори, да пријавуваат проекти, домашни и меѓународни, да аплицираат за најголемите проекти на ЕУ. Не е баш така како што има обид во јавноста да се презентира – дека се поштедени од се. Огромен број млади го поздравуваат законот за високо образование, а достигнувањето на неговата полна сила ќе потрае, ефекти ќе почувствуваме по три до четири години, а најголем пик ќе има по осум години. Најважно беше да се почне реформата која долги години воопшто не беше тема на разговор. Сигурна сум дека за осум години ќе се најдеме меѓу првите 1.000 универзитети на Шангајската листа. Гледам дека академската заедница е раздвижена, што значи дека тоа може да се случи и порано, а ние ќе сториме се за тоа да се случи“, подвлече Јаневска.

    Прочитај повеќе

    „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп

    10.06.2026 во 08:25

    Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова

    10.06.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.