Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за „27 април“: Процесот беше политички монтиран

    27.04.2026 во 12:38

    Огњеновиќ: Власта одбива закон против двојно државјанство кај функционерите бидејќи имаат бугарски пасоши

    27.04.2026 во 12:30

    Ѓорѓиевски: Нека е аирлија, започнува реконструкцијата на Универзална сала

    27.04.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за „27 април“: Процесот беше политички монтиран
    • Огњеновиќ: Власта одбива закон против двојно државјанство кај функционерите бидејќи имаат бугарски пасоши
    • Ѓорѓиевски: Нека е аирлија, започнува реконструкцијата на Универзална сала
    • Вајц предупредува – Македонија ризикува да ги загуби ЕУ-фондовите и шансата за напредок
    • Хакната платформата „Booking“, итен апел до граѓаните за заштита од измами
    • Мицкоски очекува реконструкцијата на Универзалната сала да заврши во предвидениот рок
    • Добри вести за возачите: Мицкоски најави намалување на цената на дизелот
    • УХМР со шокантна прогноза за цела недела: Во најава снег и температури под нулата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за „27 април“: Процесот беше политички монтиран

    Мицкоски за „27 април“: Процесот беше политички монтиран

    27.04.2026 во 12:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, при денешниот увид во градежните работи на Универзалната сала, го коментираше актуелниот случај „27 април“, оценувајќи го како политички монтиран процес од страна на претходната власт. Според премиерот, квалификацијата „тероризам“ е целосно несоодветна за она што се случило.

    Мицкоски призна дека имало престап за кој требало да се одговара, но остро ја критикуваше судската квалификација на настанот.

    „Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, таму невини луѓе беа прогласени за терористи. Тие направија одреден престап и требаше за тој престап да одговараат, но не како терористи“, изјави премиерот.

    Тој изрази жалење за состојбата во правосудниот систем, потенцирајќи дека сè почесто се појавуваат сведоштва за фингирани процеси, уцени и притисоци од минатото. Според Мицкоски, државата не може да оди напред без расчистување на клучните афери од тој период, при што ги посочи двете клучни прашања што бараат одговор: улогата на СЈО и Катица Јанева, како и вистината за настаните од „27 април“.

    „Вистината мора да излезе на виделина за општеството да продолжи понатаму“, заклучи Мицкоски, додавајќи дека понатамошните постапки треба да се решаваат во рамките на правосудниот систем.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.