Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина

    25.04.2026 во 11:59

    (ВИДЕО) Петрушевски: Филипче му служи на Заев – го блокира патот на Македонија за ЕУ

    25.04.2026 во 11:56

    Николоски: За автопатот Охрид – Кичево направивме многу повеќе отколку владата на Заев

    25.04.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина
    • (ВИДЕО) Петрушевски: Филипче му служи на Заев – го блокира патот на Македонија за ЕУ
    • Николоски: За автопатот Охрид – Кичево направивме многу повеќе отколку владата на Заев
    • Иранскиот министер пристигна на разговори, САД испраќаат свои претставници
    • Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда: Обвинителството им ја откри шемата
    • Пекол во Украина: 15 лица во болница по ноќните руски ракетирања
    • Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче слепо го следи Заев и глуми патриот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина

    Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина

    25.04.2026 во 11:594 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во јавноста се појавија одредени шпекулации во врска со предложените измени на Законот за минерални суровини. Сметаме дека е важно, јасно, прецизно и транспарентно да ги објасниме фактите, затоа што дел од изнесените тврдења не соодвествуваат со содржината на самиот закон.

    Најнапред, клучно е да се нагласи: овие измени не претставуваат дерегулација, ниту намалување на заштитата на животната средина. Предложените измени се прецизно таргетирани, ограничени по опфат и јасно дефинирани, и се однесуваат исклучиво на јавни претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола, и на минерални суровини од јавен интерес, пред сè енергетски минерали (како јагленот) и други ресурси со стратешко значење за државата, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

    Што точно се менува? Прво, со измените се воведува дополнителна контрола од страна на Владата. Во член 10 се предвидува дека за одредени категории минерални суровини од јавен интерес, Владата дава претходна согласност во постапката за доделување концесија за детални геолошки истражувања. Ова не е олеснување на процедурите, туку напротив – вклучување на највисокото ниво на одлучување, што значи поголема одговорност и институционална контрола.Ова значи повисоко ниво на контрола, а не либерализација.

    Второ, измените овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

    Важно е да се потенцира дека: експропријацијата не е нов механизам – таа е веќе уредена со закон и се применува со јасно утврдени правила и заштита на правата на граѓаните. Со ова решение, не се укинуваат имотно-правните односи, туку се овозможува поефикасно усогласување на постапките за проекти од стратешко државно значење, или поврзување со постапката за експропријација.

    Во постапка за добивање дозвола за експлоатација, како доказ може да се користи и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво за проекти од јавен интерес. Прецизирање на постапките, не нивно олеснување. Измените имаат за цел да ги отстранат практичните административни пречки и да овозможат поефикасна реализација на проекти од јавен интерес, без да се менуваат суштинските услови.

    Трето, измените имаат за цел да ги надминат практичните административни пречки кои досега ја отежнуваа реализацијата на проекти од јавен интерес, особено во енергетскиот сектор. Тоа значи, прво, поефикасна постапка – но не и пониски стандарди.

    Што не се менува? Ова е особено важно за јавноста. Со овие измени не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат еколошките стандарди, не се укинуваат инспекциските контроли, не се менуваат обврските за управување со отпад и води. Сите постојни механизми за заштита на животната средина остануваат целосно на сила.

    На што се однесуваат измените? Согласно закон, минералните суровини се добро од општ интерес и сопственост на државата. Во член 4 јасно е утврдено дека од јавен интерес се, меѓу другото, енергетските минерални суровини, како што се јагленот и други енергетски ресурси, како и други минерали од стратешко значење. Измените се однесуваат токму на овој сегмент – односно на ресурси кои се директно поврзани со енергетската стабилност и стратешките проекти на државата.

    Во однос на тврдењата за „олеснување на концесии“ сакаме јасно да потенцираме, не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии. Напротив – се зајакнува улогата на државата, особено во делот на носење на одлуки и координација. Постапките и понатаму се спроведуваат согласно закон, со сите потребни дозволи, контроли и надзори.

    Во однос на постапката – Законот се предлага по скратена постапка бидејќи не станува збор за нов системски закон, туку за ограничени измени кои произлегуваат од практичната примена на постојниот закон.

    Почитувани,

    Природните ресурси се јавно добро од стратешко значење. Токму затоа, обврска на државата е да обезбеди јасни правила, институционална контрола и ефикасни постапки.Овие измени одат токму во таа насока. Тие не ја намалуваат заштитата – туку создаваат услови државата поодговорно, поефикасно да управува со ресурсите што им припаѓаат на сите граѓани.

    Клучно е да се нагласи дека не се менуваат еколошките стандарди, не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат механизмите за инспекциски надзор и контрола и не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии на приватни субјекти.

    Токму спротивно од тврдењата, измените ја зајакнуваат улогата на државата во управувањето со ресурсите од стратешкото значење. Со нив се обезбедува координирано и контролирано користење на ресурсите, понатаму се дава предност на јавниот интерес преку институции под државна контрола и се создава правна рамка за реализација на проекти од стратешко значење, особено во енергетиката, изјави Стојаноски.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.