Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штип, Радовиш, Неготино и Конче добија нови противпожарни возила од амбасадата на САД

    Штип, Радовиш, Неготино и Конче добија нови противпожарни возила од амбасадата на САД

    24.04.2026 во 19:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема денеска добија пожарникарите од Територијалните противпожарни друштва (ТППЕ) во Штип, Радовиш, Конче и Неготино. Станува збор за донација од Соединетите Американски Држави, со која значително се зајакнуваат капацитетите на територијалните противпожарни единици. Никола Варнс в.д. амбасадорката на САД рече дека опремата и возилата ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција на терен, како и поголема безбедност за пожарникарите и граѓаните.

    -Вашата работа бара вештина, дисциплина и пред се храброст. Денешната донација овозможена со поддршка на САД, обзебедува возила на спасување, заштита на опрема и спејализирана опрема за оптшините Штип, Радовиш, Конче Неготино- вели Варнс.

    Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека донацијата има посебно значење за пожарникарите и доаѓа во вистински момент, имајќи предвид дека наближува и летната сезона.

    -Оваа донација, доаѓа во вистински момент, особено ако се има предвид дека се приближуваме кон летниот период, кога статистички ризикот од пожари значително се зголемува. Токму затоа секоја инвестиција во подобрување на капацитетите за превенција и интервенција има непроцелива вредност. Особено радува фактот што опфаќа современи пожарни возила, специјализирана противпожарна опрема, заштитини униформи за интервенции, како и дувалки за справување со шумски пожари-изјави Јорданов.

    Градоначалници од општините Радовиш, Конче, Неготино, се заблагодарија што и нивните општини добијат противпожарни возила.

    -Возилата се и те како од големо значење, од причина што во последните неколку години сведоци сме на големи шумски пожари кои што се случуваат во Р.Македонија-рече Љупче Почивалец градоначалник на општина Радовиш.

    Инаку, настанот се одржа во ТППЕ во Штип, а на истиот присуствуваа претставниците на општините, како и пожарникари од ТППЕ Штип, Радовиш, Конче и Неготино. 

    Прочитај повеќе

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.