Close Menu
Press24
    Најново

    Милошоски: Во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство

    24.04.2026 во 19:04

    Приштина пресече: Најстроги казни за учесниците во вооружениот судир во Бањска

    24.04.2026 во 18:54

    Лесната пешадиска баталјонска група доби највисока оцена за борбена подготвеност според стандардите на НАТО

    24.04.2026 во 18:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милошоски: Во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство
    • Приштина пресече: Најстроги казни за учесниците во вооружениот судир во Бањска
    • Лесната пешадиска баталјонска група доби највисока оцена за борбена подготвеност според стандардите на НАТО
    • Сиљановска-Давкова ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски
    • СДСМ бара истрага за несреќата во Кисела Вода, каква е улогата на Орце Ѓорѓиевски?
    • НАТО ги пресече шпекулациите: Шпанија е безбедна, не постои закон за исфрлање членка
    • Германскиот канцелар со порака до Иран: Дипломатијата е патот кон укинување на ограничувањата
    • Нетанјаху има рак на простатата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство

    Милошоски: Во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство

    24.04.2026 во 19:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „И во 2021 година и денес, СДС не престана со злоупотреба на шпекулации, во прашална форма, никогаш како конкретно тврдење, кој има, кој нема, ваков или таков пасош, во недостаток на други идеи, проекти или можеби внатрепартиски слабости. И во 2021 година преку нивниот тогашен сојузник, Каракачанов и сега преку нивната веб страна, злоупотребуваат, клеветат и шират манипулации по однос на двојно државјанство на одредени колеги пратеници. Сметавме дека ова е еден начин како да го повториме нашиот став што го имавме од 2021 година, дека не се сменило ништо, и дека доколку некој смета дека единственото државјанство е концепт којшто е поцврст за македонското Собрание, ние стоиме зад тој предлог, како тогаш, така и денес, затоа и го предложивме“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против на Алфа телевизија.

    Пратеникот Милошоски се осврна на предлог-законот за измена на Законот за пратеници по однос на македонското државјанство и нагласи дека токму од страна на опозициската СДС биле неосновани обвинувањата дека одреден дел од пратениците се со двојно државјанство, а потписници на оваа измена, како што кажа, се токму актуелни пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за кои СДС наведува дека се со бугарско државјанство.

    „Второ, сметаме дека кога сте одбрале да бидете пратеник, има логика, ако сте пратеник во Собранието на Македонија да бидете и според државјанство лојален само на таа држава каде што одлучиле, или ви дале доверба да бидете пратеник. Бидејќи кога има двојно државјанство, иако македонскиот Устав не го забранува, сепак има една етичка и политичка дилема на која држава сте повеќе лојален, особено ако во Собранието одлучувате за теми коишто не ја засегаат само Македонија, туку можеби засегаат и други држави, каде што може некој од колегите пратеници да има двојно државјанство“, дециден е пратеникот Милошоски.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.