Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот се „хибридна закана“ која бара заеднички одговор

    24.04.2026 во 13:13

    Андоновски од Штип: Македонија не чека проблеми, туку проактивно гради систем за сајбер безбедност

    24.04.2026 во 12:55

    11,5 милиони денари за Охрид: Самуиловата тврдина добива летна сцена и ново осветлување

    24.04.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот се „хибридна закана“ која бара заеднички одговор
    • Андоновски од Штип: Македонија не чека проблеми, туку проактивно гради систем за сајбер безбедност
    • 11,5 милиони денари за Охрид: Самуиловата тврдина добива летна сцена и ново осветлување
    • Обвинителството и инспекторите на терен: Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот работник во Кисела Вода
    • Испланирајте предвреме: Мај ни носи три продолжени викенди
    • Одложено судењето за деветмината полицајци за случајот „Пулс“
    • Два дена ќе нема струја во делови од Скопје: Еве каде од ЕВН најавија исклучувања
    • Петрушевски: Филипче работи по насоки на Заев, СДСМ ги блокира реформските закони
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот се „хибридна закана“ која бара заеднички одговор

    Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот се „хибридна закана“ која бара заеднички одговор

    24.04.2026 во 13:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Атина учествуваше на министерскиот состанок на Акаба процесот посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот, каде се обрати на првата сесија за идентификување на заканите и проценка на испреплетеноста на организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот и предизвиците кои тие ги носат .

    Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека безбедносната реалност во регионот и пошироко е значително променета, при што организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот сè почесто се испреплетуваат и функционираат како единствена, хибридна закана.
    „Денес веќе не можеме да ги третираме криминалот и тероризмот како одвоени појави. Тие се дел од ист механизам кој се потпира на заеднички канали, финансии и логистика и бара координиран, заеднички одговор од сите нас“, истакна Тошковски.

    Тој потенцираше дека ваквите закани се транснационални и директно ја поврзуваат безбедноста на државите, нагласувајќи дека е неопходно зајакнување на регионалната и меѓународната соработка, размената на информации и координацијата меѓу безбедносните и разузнавачките служби.

    Воедно, министерот се осврна и на конкретните предизвици со кои се соочува регионот, како што се злоупотребата на транспортните коридори, неформалните економски текови, корупцијата, како и новите технологии кои овозможуваат полесно делување на криминалните и екстремистичките мрежи.

    Во рамки на посетата, министерот Тошковски оствари билатерална средба со министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Крисохоидис, на која беа потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно понатамошно унапредување.
    На средбата беа разгледани клучни прашања од заеднички интерес, при што акцент беше ставен на зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и нелегалната миграција, како и на унапредување на размената на информации и оперативната координација.

    Исто така министрите се осврнаа на изнаоѓање заеднички решенија за надминување на предизвиците произлезени од имплементацијата на новиот систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС), со посебен акцент на намалување на времето на чекање на граничните премини во пресрет на туристичката сезона.

    Министрите разговараа и за текот на постапките за усогласување на билатералниот договор за соработка во борбата против криминалот, како и за протоколот за реадмисија, кој има за цел унапредување на процедурите за враќање на лица кои нелегално престојуваат.
    Дополнително, беа разменети информации за актуелната состојба со нелегалната миграција, при што беше нагласена потребата од координиран и сеопфатен пристап во справувањето со овој предизвик на регионално ниво.

    Двајцата министри ја потврдија заедничката определба за продлабочување на соработката и зајакнување на безбедноста во регионот преку конкретни, координирани и одржливи активности, со цел обезбедување поголема сигурност за граѓаните на двете држави и пошироко.
    На покана на министерот Тошковки, министерот Крисохоидис ќе ја посети нашата држава со цел унапредување на соработката пред се во борбата со организираниот криминал и заедничко изнаоѓање на решенија за предизвиците со кои се соочуваме.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.