Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Притвор од 30 дена за Муамед Сејдини: Поранешниот претседател на ФФМ осомничен за проневера на 660 илјади евра

    Притвор од 30 дена за Муамед Сејдини: Поранешниот претседател на ФФМ осомничен за проневера на 660 илјади евра

    24.04.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Судот ја донесе оваа одлука по предлог на надлежното обвинителство, поради основано сомневање дека Сејдини сторил кривично дело „проневера во служба“. Како причини за притворот, судот посочи опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази во постапката.

    Сејдини, кој ја предводеше ФФМ во периодот од 2019 до 2025 година, беше уапсен вчера од припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и криминалистичката полиција.

    Според обвинението, осомничениот во периодот ноември – декември 2024 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје. Обвинителството детално го опиша начинот на извршување на делото:

    „Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура. Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот – изградба на трибина на Стадион “Билјанини Извори” во Охрид и дал предлог за отпочнување постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ. Иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот, спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс“, се вели во соопштението од Обвинителство.

    На 17 декември 2024 година, Сејдини го потпишал договорот и со налог до службите извршил авансна исплата на 660 илјади евра кон правното лице, што е предмет на истрагата.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.