Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Антимонот во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори

    СДСМ: Антимонот во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори

    24.04.2026 во 09:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нели Владата на Христијан Мицкоски вчера тврдеше дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет во врска со рудникот за антимон во Крива Паланка?, прашуваат од СДСМ.

    „Вистината покажа дека не е така и ја разоткри целата позадина на овој случај.

    Антимонот во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори.

    Она што се претставуваше како „државен интерес“ и наводен стратешки проект со САД, во суштина е класичен бизнис-дил.

    Концесионер на локалитетот Луке е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“ каде сопственик е Ѓорѓе Качурков, донатор на ВМРО.

    Дополнително, договорот во Вашингтон го потпишал Ник Јовановски од австралиската „Пела Глобал Лимитед“. Истиот човек кој уште во 2015 година, како застапник на фирма поврзана со донаторот на ВМРО, го потпишал договорот за концесија за истиот локалитет.

    Сите овие факти ја откриваат целосната мрежа.

    За Мицкоски се е бизнис. Владата е подготвена да го жртвува здравјето на граѓаните за профитот на своите спонзори.

    Ова е уште една причина зошто мора да има референдум во Крива Паланка на кој граѓаните ќе одлучат за рудникот.

    Уште една причина зошто градоначалникот Митовски мора да ги слушне граѓаните а не Мицкоски.

    Здравјето мора да биде пред профитот на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.